Денеска Министерството за финансии на Република Македонија владеено под палката на Нина Ангеловска (позната како Групер) а под директен налог на Зоран Заев државата ќе ја задолжат со ново задолжување од повеќе од 9 милиони евра.
Проблематично со ваквите задолжувања кои се моментално најголеми во историјата на современата Македонска држава е што парите земени како задолжување од странски кредитори не се користат во изградба на капитални објекти кои понатаму би генерирале ефективно враќање на ваквите кредити.
Парите се трошат моментално а додека проблемите со повратот на овие позајмени сретства ќе следат покасно, немајќи точен бизнис план како истите ќе се враќаат…
Оваа проблематична состојба која задира во стабилноста на целата држава не само сега туку и во иднина беше тема на прес конференција на пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ:
Истата ја пренесуваме во продолжание:
“Зоран Заев и Нина Ангеловска денеска ќе ја задолжат државата за нови 9.2 милиони евра.
Власта расипнички се однесува со народните пари. Не поминува месец без милионско задолжување. Откако Зоран Заев е на власт јавниот долг надмина 5.2 милијарди евра.
Јавниот долг за време на Заев е зголемен скоро половина милијарда евра, а ништо не е направено, нема нови патишта, железници и објекти. Автопатот Демир Капија – Смоквица и Миладиновци – Штип, се финансирани и завршени во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Нема стадиони, нема сали, нема болници, нема нови објекти за државните институции. Нема ништо!
Дека ништо не се работи доказ е и реализацијата на капиталните инвестиции кои за цели 10 месеци изнесуваат 40%. Доколку не направеа ребаланс на буџетот сумата потрошена на капитални инвестиции ќе беше 36% од таа што сами ја предвидоа. Очигледно се понеспособни и од тоа што самите го мислат за себе.
Во ситуација кога ништо не се гради, никој не знае каде се трошат милионите од секојдневните задолжувања, кои за 5,10 или 20 години ќе ги враќаат идните генерации со камати.
Расипништвото мора да запре. По 12 април ќе има одговорност за секој денар потрошени народни пари на криминоген начин.”


