НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 61
ОЧЕКУВАН ПОТЕГ НА БАН-овците ОД СОФИЈА
Во 1934, една институција од европски размери (Коминтерната) зазеде став дека македонците се посебен народ, различен и од бугарите и од србите. Тоа се верификуваше на првото заседание на АСНОМ 1944. Ако се искључи димитровскиот период 1945-48 до ден денес владите во Софија, уште од 1878 не признавале и не признаваат постоење на македонци и се што оди со тоа(јазик култура…)
Ниту Јошко браварот не успеа да ги “разубеди”.
Со потполно идентичен став е и Атина.
Отиде оној Зоќи и потпиша договор за добрососедство и Спогодба за пријателство. За него сосем ми е јасно, тој ниту знае што потпишал, ниту што ке следи потоа. Толку му сече црпката. Сега оние од АНУСМ усвоија повелба за македонскиот јазик. По свадба- тапани, вели нашиот народ. Каде беа кога се потпишуваа договорот и сопгодбата?Им беа ли затнати устите и ушите со пари?!
Не треба ич да си паметен а да не сватиш дека претстојат бескрајни блокади од Софија и Атина.
Само нека ни е жив Зоќи, тој сите препреки ке ги “отстрани”.
Да живее идејата на Иван Гаврилов “Македонија-Швајцарија на балканите”
-Пишува: Крум Николовски


