Во саботата (14.12.2019 година) во Гранд казиното во Базел, Швајцарија ќе се одржи нова борба на штипскиот професионален борец Далибор Богданов.
Според ММА правилата во Бантам тежина од -61 килограм Богданов во рингот ќе се соочи со Патрик Селмер од Швајцарија. Ова ќе биде 5 борба на Далибор Богданов после двете аматерски и двете професионални борби кои ги имаше во изминатиот период.
Борбата меѓу двајцата борци е закажана за 20.00 часот а истата вечер фановите на овој вид на спорт ќе можат да погледнат 6 Аматерски MMA борби како и 7 УЈП ММС борби.
Настанот е организиран од екипата на HFC.


