Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, придружуван од висока партиска делегација денеска претстојува втор ден во Франција на средби со членови на Францускиот сенат и Францускиот парламент.
На средбите било разговарано за детали околи предложената методологија која се содржи во т.н. “Нон-пејпер” од страна на Емануел Макрон која е круцијална за евроинтегративните процеси на Република МАкедонија во наредниот период.
Во продолжение интегрално го пренесуваме обраќањето на Претседателот на опозициската партија од Париз:
“Втор ден сме овде во Париз, разговараме со претставници на францускиот Сенат и Парламентот. Разговараме за актуелната политичка и економска состојба во Македонија, но истовремено разговараме и за новата методологија која беше содржана во таканаречениот документ „Нон пејпер“, кој што беше претставен на европската, но и на македонската јавност.
Ја пренесовме нашата порака дека после следните предвремени парламентарни избори кои што ќе се случат во април месец следната година, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на исклучително квалитетни реформи од областа на владеењето на правото, обезбедување независно обвинителство, независно судство, нешто што недостасува во овој период. Односно сето она кое што денеска добро изгледа на хартија ќе биде можеби подобрено, но сето она кое што денеска во пракса практично не е применливо ќе биде испорачано во реформите кои што следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе во Македонија, веднаш после предвремените парламентарни избори.
Понатаму зборувавме за можната економска соработка, зголемување и продлабочување на дипломатските односи помеѓу двете земји, бидејќи Франција била и останува стратегиски партнер на нашата држава и главен промотор во рамките на НАТО Алијансата и во рамките на Европската Унија.”
-соопшти од Париз Христијан Мицкоски.
На претставниците на францускиот Сенат и Парламент пренесовме порака дека после предвремените избори, владата на @VMRO_DPMNE ќе се фокусира на квалитетни реформи од областа на владеењето на правото, обезбедување независно обвинителство и независно судство. pic.twitter.com/8rxWDsdoep
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) December 12, 2019


