• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Поминаа точно 8 месеци откако Заев дознал за “Рекет” а се уште обвинителството и судот се обидуваат да ги прикријат вистинските инволвирани во случајот

декември 28th, 2019 Македонија, Политика коментари 617

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Поминаа точно 8 месеци откако Заев дознал за “Рекет” а се уште обвинителството и судот се обидуваат да ги прикријат вистинските инволвирани во случајот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска на прес конференција повторно реагираше во врска со детали поврзани околу најголемата криминална афера во поново време во Македонија- случајот “Рекет”.

Нејасни се повеке клучни детали за случајот со што се фрла сенка во јавноста за можни дополнителни вклучени лица и проширување на листата на обвинети за самиот судски процес и обвиненија.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со редица прес конференции реагираат во јавност со инсистирање дека ваков случај од вака големи размери не е можен без знаење и одобрување на лица од власта и тоа највисоките ешалони на владеачката структура.

Во продолжение во целост ја пренесуваме денешната прес конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ:

“Вчера низ медиумите можевме да сретнеме неколку теми поврзани со случајот РЕКЕТ, кои по се го склопуваат мозаикот што не сака да го види ниту Русковска, ниту Јовевски, бидејќи му слугуваат на Зоран Заев во моментов. Се кријат докази, се уценуваат луѓе да внимаваат што говорат, се закануваат и тужат новинари.

Од 21 април, моментот кога Заев наводно дознал за случајот РЕКЕТ, до денес поминаа точно 8 месеци, а се уште обвинителството и судот кои се приклештени од Заев ловат во матно и се обидуваат да ги прикријат вистинските инволвирани во случајот рекет односно нарачателите. Вчера целата јавност можеше да прочита како писмото за кое што сите видовме преку медиумите и дознавме кое го испратила Катица Јанева од притвор до Љубомир Јаневски содржи сведочење од истата Јанева дека Вилма Русковска можно е да ја сокрила нејзината изјава и не ја пријавила кај Љубомир Јаневски.

Затоа прашуваме што стоело во изјавата на Катица Јанева пред Вилма Русковска и зошто никој не ја споменува во постапката оваа првична изјава на Катица Јанева? Дали во таа изјава Катица Јанева ја разоткрива целата шема на рекетирање и ги открива сите детали и сите инволвирани на луѓето од  врвот на СДСМ и Власта во најголемиот случај на рекетирање? Дали можеби во таа изјава која Русковска ја сокрила од Јовевски се споменува и Зоран Заев или некој друг од врвот на власта од страна на Јанева?“.

Од самиот почеток, како ВМРО-ДПМНЕ предупредувавме на неколку работи, се потврди дека се вистинити. Најпрвин дека се кријат докази и дека се остава простор сите кои што можат да ги прикриваат, се со цел да се спаси главата на октоподот, за која што сите знаеме која е. Катица Јанева имаше доволно простор и време да брише докази и да прикрива докази уште пред да влезе во притвор. Еве сега гледаме дека Вилма Русковска има сомнеж дека сокрила изјава од Катица Јанева каде што ги открива деталите, само за да ги спаси инволвираните од врвот на СДСМ и власта. Второ, Јовевски и Русковска тврдеа дека нема вмешани политичари во РЕКЕТ јавно на прес конференција и замолија да не се злоупотребувале имињата на функционерите од власта. Нормално и таа прес конференција беше само и само за да ги заштитат функционерите на СДСМ и луѓето од врвот на власта.

Потоа видовме дека под притисок на медиумите и јавноста сепак се потврди и се обелодени дека бил вмешан и политичкиот врв на СДСМ, а од вчера слушнавме и јавно од сведоците на сведочење во Рекет, кои потврдија дека домот на Бојан Јовановски многу често го посетувале и Венко Филипче, Александар Кирацовски, Радмила Шекеринска, Стефан Богоев и многу други политичари од врвот на СДСМ и на владата. На крај, на Заев му требаше многу време да се сети и да одговори на новинарско прашање, кое му го поставија а тоа е кога го пријавил случајот РЕКЕТ. Главното прашање е, зошто кога го пријавил случајот РЕКЕТ дали усно дали писмено, бидејќи самиот не знае како го пријавил нема никаква писмена белешка во институциите од неговото пријавување на овој случај? И дали Заев е сигурен дека го пријавил во надлежната институција, а не некаде на друго место? Најверојатно во периодот додека чекавме да одговори Заев тој не можеше да се сети дали го пријавил кај Русковска или можеби на некое друго место за да предупреди некого дека веќе луѓето знаат за случајот Рекет и за рекетирањето од страна на инволвираните. Иако Заев знаел за целиот случај, тој и 2 месеци откако наводно пријавил, се уште ја поддржуваше Катица Јанева, ја штитеше и ревносно се бореше таа да биде нов шеф на новото обвинителството. Дали Заев со таа поддршка се пазареше со Јанева да не ги открива деталите од целиот случај, останува да одговори Заев или пак доколку молчи како за се друго оставаме јавноста да процени што е точно и што била намерата.

Очигледно е дека Заев и СДСМ и сите инволвирани се повеќе се заплеткуваат во сопствените лаги. Ги охрабруваме сите сведоци, сите оние кои што знаат нешто во врска со случајот Рекет да не ја кријат вистината и да ги изнесат сите детали, бидејќи ако некој се обиде некого да скрие автоматски станува соучесник во целиот случај. Тоа никому не му одговара, најмалку на вистината и на правдата. Редно време е се да се обелодени. Случајот РЕКЕТ мора да се расчисти и ќе се расчистат многу дилеми за многу брзо откако Зоран Заев сакал или неќел ќе мора да ги тргне своите канџи од институциите кои што ги има поставено дали со уцени или закани. Времето на Заев и на СДСМ завршува. Зоран Заев е премиер уште 5 дена и никогаш повеќе. Во ликот на Зоран Заев можеме да видиме еден исплашен човек кој што се плаши и е убеден и веќе знае дека  не само што нема да биде премиер туку сите матни, сомнителни и криминални дејанија кои што ги работела оваа влада за многу брзо ќе излезат на површина. А, веднаш по паѓањето од власт на Заев и СДСМ, следува одговорност за сите сомнителни случаеви на криминал. Обнова на Македонија мора да има и Република Македонија мора да тргне напред. Сето тоа ќе почне да се случува веднаш после 3 јануари а ќе продолжи со брзо темпо Обновата по 12 април по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и по доаѓањето на Христијан Мицкоски како премиер на Република Македонија.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Ана Љубиќ: Странство
Следна објава Гоце Марков: Борбата...
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 538
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 513
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 520
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1166
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 497
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 566
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 303
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 384
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 529
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

812
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1213
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 739
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202230
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202121
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.