Поради енормните пожари кои беснеат речиси на целата територија на Австралија на коалите им се заканува максимално истребување .
И другите животни се во голема опасност , да не го занемариме и фактот дека милиони животни го загубија и животот.
Против огнената стихија се борат илјадници пожарникари и доброволци, а во мисијата за спасување на коалите, волонтерите добија необична помош од кучето „Беар“, напуштен миленик кој е специјално истрениран за спасување коали. За да може непречено да се движи низ опожарените предели неговите шепи се заштитени. Во овие тажни и болни моменти за овој континент, вакви вистинити приказни ни го топлат срцето.
Се проценува дека во големите пожари во Австралија животот го загубиле 500 милиони животни. Состојбата во земјата и натаму е критична, иако на истокот од континентот почна да врне дожд.




