Денеска во работна посета на Центарот за социјални работи во Крива Паланка беше Министерката за труд и социјални работи Рашела Мизрахи.
Таа со својот тим на соработници се запозна со работата на социјалните служби во оваа општина како и проблемите со кои се соочуваат во својата работа.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението за јавност упатено од Министерката Мизрахи преку социјалните мрежи:
“Заедно со тимот бевме во работна посета на Центарот за социјална работа во Крива Паланка.
На средбата разговаравме за социјалните услуги за граѓаните, а заедничката цел е поголема достапност до правата и услугите од социјалната заштита и нивно усовршување.
Од разговорите ги слушнав секојдневните проблеми, но и со предизвиците со кои се соочуваат околу новата социјална реформа. Воведувањето на ,,case management’’ – работа на случај за вработените е целосна промена и според нив ќе биде тешко за реализација и имплементација.
Задоволни граѓани и задоволни вработени е нашата цел и затоа ветив дека сум на располагање за сѐ што е во моја надлежност како и на Министерството за труд и социјална политика.”


