Љубовта кон партијата, исто како и брачната љубов, е убава. Меѓутоа, само тогаш кога е искрена, умерена и обострана, бидејќи секое претерување во љубовта (брачна или партиска) може да прерасне во терет и потчинетост, наместо во взаемен однос на почитување. Тоа на убав и духовит начин го доловува Милан Кундера во расказот „Златното јаболко на вечниот копнеж“:
„Има млада жена. И, што е полошо, ја сака. И, што е уште полошо, од неа се плаши. И, што е најстрашно, трепери над неа.“
Така е и во самиот живот – брачен или партиски, сеедно. Не смее да се дозволи љубовта да премине во својата спротивност – во страв или треперење, бидејќи слепата љубов е нељубов. Од преголема почит, преминува во потчинетост.


