Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Кочани имаше средба со претставници на здравствените работници во оваа општина.
Тој во разговор со лекарите и медицинските сестри ја истакна својата заложба дека треба да се поврати дигнитетот на Македонските лекари и воопшто сите здравствени работници, низ меѓусебен дијалог и доверба.
“Здравствените работници треба да го имаат целокупниот респект од системот и мотив за работа. Мора да го вратиме достоинството и заеднички низ дијалог да градиме доверба и преземаме мерки. Здравјето на граѓаните над се. Обновата доаѓа”,
-соопшти Мицкоски во врска со средбата.


