Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес беше во посета на Истибања, каде ги слушна секојдневните проблеми на жителите на ова виничко населено место распослано на регионалниот пат Делчево-Виница-Кочани. Подоцна во текот на денот тој беше и во Јакимово и Градец во општината Виница.
Тој оствари средба со населението кое до оваа средба беше заборавено од високите партиски претставници од Скопје, во нивното секојдневие во кое мака мачат за да преживеат. Јанушев со жителите на овие населени места разговараше за нивните потреби и проблеми.
-Заедно со граѓаните на Република Македонија, заедно ќе победиме. Заедно ќе победиме за ова зло никогаш да не се повтори. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе, порача Јанушев.


