• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Кирил Ковчегарски: ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА РЕКОВ – ПОРЕКОВ ПОЛИТИКАТА!

март 6th, 2020 Македонија коментари 1081

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Кирил Ковчегарски: ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА РЕКОВ – ПОРЕКОВ ПОЛИТИКАТА!

Реков-пореков политиката си стана сосема нормална работа во оваа наша напатена Република Македонија за време на владеењето на Зоран Заев и неговата СДС(СМ). Додуша не беа ништо поразлични и порано кога биле власт, а и кога беа опозиција, од таа матрица никако не успеаа да се ослободат низ годините. Но, тоа си е нивна работа, сметаат дека така е исправно и нека им е со среќа, нека си тераат како знаат и умеат. Проблемот е во тоа што таквата политика е на штета на сите граѓани што живеат на овие простори.

Деновиве на големо се презентираат делови од партиските програми, реални и нереални, вистински и лажни проекти, а се со цел да се привлече некој глас повеќе на предвремените парламентарни избори. Се подготвуваат и пратеничките листи кои кај и да е до средината на следната недела ќе бидат јавно познати и сите ние ќе можеме да видиме дали на нив има луѓе на кои им веруваме, кои се чесни и способни да ги остварат големите ветувања.

Целата оваа гужва на политчката сцена кај нас која е настаната поради предвремените парламентарни избори постојано е пропратена со некои ситни настани кои навидум немаат никаква врска со нив, но го привлекуваат вниманието на јавноста и создаваат немир кај огромен број од граѓаните во Македонија. Забележителна беше постапката која ја спроведе Министерството за образование со која токму сега пред изборите на две училишта во општината Чаир им беа променети имињата, иако оваа работа за ситни политички поени и од која ќе нема леб за Албанците, се влече веќе со години. Веднаш видовме и реакција од јуначето Заев, кој им с’ржа  на институциите дека донеле и спровеле незаконска одлука која се должни веднаш да ја поништат за наредниот ден да си го порече сопствениот став, да извинува и правда пред електоратот што припаѓа на албанската заедница. Неколку дена пред тоа истиот тој во ТВ дуелот со Мицкоски призна дека двојазичните табли биле по грешка ставени во неколку општини низ државата и дека ќе бидат тргнати, иако кога се носеше спорниот закон не уверуваше во спротивното. Но, се навикнавме, тоа е таа реков-пореков политика која мора да биде збришана на овие избори затоа што и досеега нанесе ненадомстлива штета, а не можам ниту да замислам уште колкава ќе биде доколку продолжат да владеат. Денес едно, утре друго, па не знам, не се сеќавам, можеби било така, ама еве ние сме доблесни си признаваме, се зборови на кои се изнаслушавме и кои не можат да ги надоместат сите неправди и штетни нешта кои ги преживеа овој народ и оваа земја. Убеден сум дека грешката нема да ја повториме, пред четири-пет години кога добија голем број гласови, иако и тоагаш не победија, условите сепак беа многу поинакви. За волја на вистината и ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и голем дел од функционерите му беа збохтисани на народот, им требаше некакво освежување, промена. Од денешна гледна точка се гледа дека тоа не било гласање против поранешната власт затоа што била режим, била неспособна, корумпирана и сл. Гласањето на народот,на изборите 2016 година во голем број против тогашната власт, беше поради промена, поради монтираните бомби кои лажно наведуваа на криминал и поради многуте лажни ветувања кои беа дадени од тогашната опозиција за живот за сите. Тоа секако беше и е здраво за едно демократско општество, но за жал таа шарена лага ја плативме и сеуште ќе ја плаќаме по многу висока цена. Не верувам дека некој ги очекувал сите овие лоши и штетни нешта кои ни се случуваа, дека до толку ќе има лажење и манипулирање со целокупното наше секојдневие и дека оваа реков-пореков политика ќе ја доведе нацијата до една колективна хипноза и апатија за да дозволиме истата да трае во овие долги и мачни три години. Тоа секако ќе биде исправено на 12-ти Април затоа што како велат: – Македонецот е мирен и трпелив, но и мудар и кога ќе му дојде нешто преку глава, знае жестоко да казни. Време е за обнова, денот е дојден, преку глава сте ни.

Во оваа колумна, морам како личност која на некој начин порано се занимавала со новинарство, и 5 години од својот живот го има поминато работејќи во неколку различни медиуми да се осврнам на случувањата на ова поле, особено во изминативе денови. За времето на Никола Груевски се говореше дека немало слобода на медиумите, а еве денес оваа власт ги ослободила.

АПСОЛУТНО НЕ Е ТОЧНО!!!

Тоа што Груевски и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ не одеа по дебати и дуели беше нивни личен избор, на нивна штета или корист. Тоа секој индивидуално нека си го процени. Опозицијата си имаше можност непречено да настапува на сите медиуми кои покажуваа интерес за нивно гостување. Вазалскиот однос пак на некои од медиумите спрема власта (и спрема поранешната, но и спрема сегашната) е исто така нивен избор и нивно право. Тоа се приватни компании кои си ја гледаат заработката и на кои им се мили средствата и привилегиите што ги добиваат, па својата уредувачка политика ја прилагодуваат според потребите и тука замерка нема. Еве нека ме демантира некој, дали некои од телевизиите и порталите кои сесрдно застануваа зад поранешната власт, денес не го прават истото и со сегашната?! Тоа не значи дека немало слобода. Па незнам само колку пати сум се изнаслушал гадости на телевизиски емисии и лични навреди спрема Груевски во времето додека тој беше премиер. И никому влакно од главата не му фалеше, никој не беше ни тужен, затоа што партијата зазема став во тоа време да не тужи новинари.

Простете, ама тоа не е диктатура и режим. За разлика од тоа, денес има дебати по телевизиите, но тоа не значи дека власта ни е многу демократска и општеството е ослободено. Напротив, се бира каде ќе се гостува, најголемиот дел од новинарите се сесрдно ставени во функција на власта што дури некогаш ми е срам да гледам емисии на кои новинарот е поголем сдсовец од самиот СДС(СМ). Тоа што доаѓаат на дебати не ги прави поголеми демократи, особено што на истите претежно го повторуваат минатото и се однесуваат со ароганција и потценување спрема противникот од опозицијата кој е најчесто приморан да се бори и со политичкиот противник, но и со водителот на емисијата. Но, овие дебати и не се толку страшни по демократијата и слободата на говорот. Страшното е во тоа што се етикетираат медиуми и се делат новинарите на подобни и неподобни, патем добивајќи и по некоја кривична пријава или тужба за да бидат замолчени. Па така СДС(СМ) и нивниот лидер Заев се изминативе неколку недели во вистинска војна со во моментов многу брзо растечката ТВ АЛФА. Откако неколку пати беа прозвани со наводно нелегално финансирање со црни пари, во текот на вчерашниот ден и самиот Заев на прес конференција директно ги прогласи за непријателски елемент, притоа сесрдно поддржан од ,,орда,, на членови и симпатизери кои во сред работно време ја имаа пополнето прес салата во владејачката партија. Срдечниот долготраен аплауз на поддржувачите, кои Заев ги праша дали му дозволуваат да оди на дуел со Мицкоски во ТВ АЛФА, не смее и не може да биде мерило за еден политичар за тоа какво е мислењеето на народот. Го напаѓаа со години Груевски дека не оди по дуели и деебати, но по она што го гледаме како се однесуваат сега кога имаат можност за тоа, мора да се признае дека човекот имал право. Едноставно поголемиот дел не му се ниво. Што се однесува до непријателски настроените медииуми и новинари би сакал да ве потсетам дека Никола Груевски во најголемата слава на некогашната А1 ТВ им отиде во импровизираното студио пред Владата и им оддржа предавање по демократија и слободни медиуми на тогашните новинарски бардови во телевизијата. За ситната роба и за ,,дуканчињата,, за смоките и тузотот и за најдениот кеш по канцелариите, оставам на други да кажуваат и судат. За контролата и она што ќе го најдат во истрагата која се најавува за ТВ АЛФА дополнително ќе видиме. Само некако се плашам дека пак ќе биде на крајот она реков-пореков. Во овој дел што се однесува на медиумите мора да се напомене и пресудата која минатата недела му е изречена на новинарот Митески од порталот Инфомакс и тоа за издавање на службена тајна. Навистина неверојатно и многу демократски, невидена слобода во новинарството. Секако ова го пишувам во иронија, но да го гониш и на овој начин да го заплашуваш новинарот кој ги извади на виделина некои од најголемите афери на власта во никој случај не е слобода и демократија, туку класична диктатура. Апсолутна поддрша до новинарот да истрае во она што го работи и да ги обелодени сите информации кои ги поседува за оваа реков-пореков власт на Заев и СДС(СМ).

 Читам утрово и за Шилегов, човекот изјавува дека он не ковал шајки, туку градел мостови, улици, булевари. Е кај се бре човек? Јас додуша со скршена нога не се шетам многу последниве три месеци, ама за толку се движам низ градов со автомобил по контроли, физикални терапии, комисии. Никаде нема ништо од тоа што го велиш. И за мостов кај МЗТ салата гарантирам дека до крај на мандатот нема ни до пола да го направиш, а за тоа ќе ти бидат виновни клетите вмровци и неразумните жители на Керамидница. Во трамвајот што го направи, еве сега гледам преку прозорот, се буткаат луѓето да влезат и да се повозат, а за утре слушам најавен е и некаков концерт во новата Универзална сала. Дај немој те молам да не замајуваш и да ни ја навредуваш интелигенцијата! Немој да си и ти како онаа нашата беровска пратеничка што како сонце ја грее новоотворениот Граничен премин Клепало кај Берово.

Да не дозволиме никогаш повеќе да ни се повтори оваа реков-пореков политика! Да не им веруваме на ЌЕ-политичарите кои во моментов се на власт! Да ги казниме оние кои незнаеа да го сочуваат и одбранат името на сопствената татковина, а цел живот го поминаа на државни јасли и во нејзината служба! Да не ги гледаме повеќе во политиката оние кои го понижуваа работникот, кои создаваа стечајци, бркаа од работа, се закануваа и уценуваа, а денес ни изигруваат големи борци за нивните права! 12-ти Април е одлична можност за тоа.

Пишува: Кирил Ковчегарски,

Адвокат и член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Прес на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани
Следна објава Повик на Координативното тело на Македонците во Европа за пријавување за гласање на претстојните избори
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 562
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 541
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 531
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1191
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 320
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 558
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

1344
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1903
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201955
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.