На втора последователна прес конференција од Владата Министерот за здравство Венко Филипче во јавноста изнесе повеќе актуелни детали поврзани со новиот случај на појава на зараза со Корона вирус помеѓу лекарите и тоа во врвот кај директорката на Клиниката за кожни болести “Мајка Тереза” во Скопје.
Заразената директорка била присутна на голем научен симпозиум во саботата во Скопје на кој присуствувале сите лекари од Кожното одделение од Штип.
За таа цел целото оделение во Болницата во Штип е ставено под клуч во изолациски период од 14 денови.
Импровизациите и недоволната подготвеност на властите во државата допринесуваат за ваквата неповолна состојба во која потенцијално се проширува фронтот за ширење на епидемијата помеѓу Македонските граѓани.


