Интегрален текст на соопштението на Македонскиот национален совет по повод пандемијата со Корона вирус на територија во Швајцарија и во Македонија:
Швајцарија и корона вирусот
Апел за национално единство
Швајцарија како и останатите држави во Европа и светот, е крајно загрижена за состојбата на пропагирање на вирусот корона на нејзината територија.
Под притисок на кантоните , Федералниот совет одржа вчера ургентна средба на која се донесени повеќе мерки.
Се објавува “ посебна специјална ургентна состојба “ и слично како и во соседите, се забрануваат сите јавни манифестации, ресторанти , кина, школи до 19 и 30 април во зависност од кантоните.
Акцентот е ставен на солидарноста и одговорноста на секој поединец со цел намалување на ширењето на вирусот а со тоа и непречено работење на болниците . Секој лош чекор и неодговорност на поединецот , ќе може да го загрози здравствениот систем и да предизвика колапс на истиот.
Секако дека и самиот политички федерален систем допринесува за донесување на извесни решителни мерки со доцнење и оставање простор на колебливиста и несигурноста.
Извесни медиуми го споредуваат апелот на властите за “Национално единство” со оној ист апел од 1 ви септември 1939 на прагот од Втората светска војна.
Секој е одговорен за своите постапки како и последиците од нив за заедницата. Солидарност, одговорност , свест како лична така и национално колективна , со еден збор Национално единство.
-Соопштение на Македонски национален совет- Швајцарија


