• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Кирил Миноски со предлог мерки за намалување на негативното влијание на пандемијата врз економијата

март 23rd, 2020 Македонија, Став коментари 624

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Кирил Миноски со предлог мерки за намалување на негативното влијание на пандемијата врз економијата

Поранешниот Министер за финансии на Владата на Република Македонија Кирил Миноски, после подолг временски период денеска во јавноста излезе со свој став во врска со економските мерки за спречување на негативните ефекти од актуелната криза со пандемијата на Корона вирусот.

Кирил Миноски во своја колумна за пораталот Курир.мк зборува за предизвиците кои се наметнати со мерките кои се превземаат за заштита на здравјето и животот на граѓаните на Република Македонија а кои имаат длабока рефлексија врз економијата и стандардот на живеете.

Тој во центарот на своето обраќање до јавноста вели:

“Во насока на намалување на негативниот економски импакт, повеќето држави во краток временски рок превземаа низа мерки за справување со економските последици од кризата (Турција, Кина, Италија, САД, Албанија,Србија, Унгарија и други) имајќи го во предвид претходното искуството од справување со глобалната финансиска криза во 2008 година, кои воглавно можат да се класифицираат во три групи:

Мерки насочени кон заштита на граѓаните и нивниот стандард:

  • Пакети за субвенционирање на здравствената заштита
  • Трансфери за ранливите домаќинства
  • Поддршка на вработувањето на краток рок преку субвенциорање на плати и придонеси со цел заштита на работните места

Мерки на поддршка на компаниите:

-Намалување или одлагање на плаќањето на даноците во секторите од економијата погодени од кризата

-Подобрување на ликвидността на компаниите и достапноста на кредити/финансии

-Намалување на обврските и давачките кои што ги плаќаат компаниите

-Во делот на мерките за поддршка на макроекономска стабилност најчесто беа преземни следните мерки:

  • зголемување на ликвидноста на банките
  • обезбедување на соодветен одговор на монетарната политика на новонастанатите услови на пазарот
  • поддршка за капиталните инвестиции

Се наметнува прашањето кои се излезните решенија во македонски услови следејќи го примерот на останатите економии, преку нивно прилагодување на нашата реалност?

Клучно прашање е како да се обезбеди соодветно ниво на агерегатна побарувачка на пазарот (превземање на мерки со кои што ќе се ограничи побарувачката од типот на намалување на плати и воспоставување на систем на „ураниловка“ може да ја намали потрошувачката, серозно да го доведе во прашање животниот стандард на населението пред се на оние со пониски плати во јавната администрација како и да ја продлабочи кризата и да го зголеми нејзиното времетраење).

Во делот на заштита на стандардот на граѓаните и работните места клучни се мерките за обезбедување на работните места и платите на работниците во секторите кои се најпогодени од економските последици на пандемијата. Во овие секторите државата би можела да интервенира преку целосна  или делумна исплата на просечни месечни плати за временски период од 3 до 6 месеци, врз основа на прецизно утврдени критериуми и со обврска за задржување на работниците во временски период од најмалку 6-9 месеци по истекот на рокот на користење на средствата. Исто така треба да се види дали и под кои услови би се овозможило учеството на фирмите кои што користеле друг вид на државна помош, како и на компании кои што се јавуваат во улога на економски оператори и сé корисници на средства од државни тендери.

Неопходно е да води сметка за пензионерите и ранливите групи. Во услови на криза треба да се поттикнат јавните работи на државно и локално ниво во кои што би вклучиле голем број корисници на социјална помош, во справување со последиците од кризата пред се во помагање на постари и немоќни лица, обезбедување на дезинфекција на просториите, организирање на транспорт и достава и сл.Во делот на поддршка за компаниите потребно е решавање на проблемот на пристап до финансии преку обезбедување на ефтини кредитни линии од  EIB, CEB, IFC и други извори, кои би се пласирале преку Македонската Банка за Поддршка на Развојот, со цел поттикнување на инвестициската потрошувачка и решавање на проблемите со краткорочната ликвидност. При пласманот неопходно е да е се обезбеди соодветна контрола на начинот на пласирање на средствата со цел да се избегне судир на интереси, корупцијата и тенденциозно креирање на лоши пласамани. Еден од основните критериуми за користење на кредитните линии би бил заштита на постоечките работни места и ниво на плати на вработените, како и можноста за одржлив раст и зголемување на бројот на работни места на компанијата. Можно е да се размисли и за формирање на нови продукти од типот на гарантен фонд за финансирање на МСП по примерот на гарантниот фонд во други земји (Турција), јавно – приватен equity investment fund кои што би  обезбедил средства за поттик на нови бизниси пред се во делот на производството и сл. Целта е да се даде соодветен финансиски стимул на сите оние кои што можат да развиваат долгорочно одржливи бизниси.

Компаниите кои што се сериозно погодени од кризата би добиле и низа поволности во поглед на плаќањето на даноците од типот на одлагање на даночните обврски на период од 6 месеци, укинување на парафискалани давачки, одлагање или намалување на трошоци за лиценци.

Целата колумна на Поранешниот Министер за финансии на Република МАкедонија Криил Миноски може да ја прочитате на Курир.мк.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Олумчев: ЗАЕВ И СДС ЈА БАНКРОТИРААТ ДРЖАВАТА
Следна објава Дополнителни предлог мерки на т.н. "БЕЛ ПЛАН" за болниците на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 724
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 677
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1332
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 608
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 705
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 374
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 466
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 683
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2805
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2219
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201922
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.