Ненормалното подигање кредити и заеми во име на државата беше вовед во ова што сега се случува. Пред неколку месеци предупредив дека министерката за финансии е специјалка поставена таму за да ги работи работите по желба на некој. Бидејќи со тие кредити и заеми од ММФ и Светска банка, Европаксата банка за обнова и развој и дузина други доверители, ги сервисираа пензискиот фонд и платниот промет и систем, вештачки прикажуваа стабилна економска состојба, за сега во услови вакви какви што имаме им се погоди за да може да билдаат Корона трошоци и полека да го започнат сценариото за прогласување на БАНКРОТ НА ДРЖАВАТА. Со тој потег , нејголем дел од долгот ќе се отпише, меѓутоа тоа значи вмешување на доверителите, комплетен финансиски контролен систем од надвор со назначување на нивни мешетари за контролори на целокупниот финансиски државен систем. Тие ќе одредуваат висина на плати, пензии, како ке се движи економијата која целосно е урнисана, за ликвидноста на денарот, ќе го диригират темпото на експорт кое ќе го лимитираат на нула, импортот ке го дигнат до небо, ќе ги внесат нивните компании на пазарот и ќе откупат се што може да се откупи и да им донесе профит, а тука пред се најзагрозени се стратегиските интереси од енергетскиот сектор,, изворите на вода и водните ресурси, рудните и минералните богатства.
Предлогот на Заев од пред два дена е класично користење на моментот за да ги придвижи работите во таа насока. Намалувањето на платите и рамнење со минималната плата во други услови и друго време, со други луѓе во политиката , би довело до паѓање од власт, заради неспособност и криминалитет до небески височини, каде криминалците го владеат државниот систем и комплетната политика. Од таму, илузорно е да се очекува било какво придвижување во позитивна насока. Македонија е ограбувана цели три децении од политичките структури.
Моментот на деноминација на државата, идентитетското самоубиство, со предходните дузина аболиции или амнестирање за криминал направен од позиција на власт, укажува само на едно, дека ја растураат државата и дека ја носат работата никој од нив да не одговара за стореното.
Ова со глобалното Корона био- бомбардирање им се погоди точно на моментот, од една страна да трошат и перат пари на сите страни, од друга страна да го притиснат народот преку мас медиите и да го доведат во состојба на психоза и страв, да го стават во карантин со секакви забрани и воведување полициски час.
Нека излезат јавно и нека кажат што е со државните резерви, стоковите резерви, залихите на гориво и деривати,нека кажат дали со комплетното затворање на границите , со затворањето на фабриките и сите други производствени погони и трговски дејности планираат позитивни ефекти или комплетно рушење на државниот економски и финансиски ситем, заради прогласување банкрот , како и да одговорат јасно пред народот ако опасноста е толку голема како што тврдат, колку се они спремни со материјално техннички средства и секакви други, па и човечки ресурси, и на крајот да одговорат зошто се дозволува покачување на цените во малопродажба?? Нели треба на народот да му се помогне полесно да ја преброди кризата?


