Во синоќешното телевизиско интервју на новинарот Горазд Чомовски со претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ кое се емитуваше на националната ТВ 24, се случи вербален инцидент.
Имено како што реагираше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за имплицитно упатена навреда кон Христијан Мицкоски од страна на новинарот Чомовски, за која што реагираше Мицкоски кој побара од новинарот да му се извини.
На тоа Горазд Чомовски реплицираше дека ќе се извини откако Мицкоски ќе одговори на поставеното прашање, по што на инсистирање на Мицкоски откако го одговори прашањето, новинарот да се извини за упатената навреда, Чомовски одби тоа да го направи.
Целата инцидентна ситуација со имплицираната навреда кон Мицкоски и како дојде до истата погледнете ја во видеото во продолжение пренесено на фејсбик страната на ТВ 24:


