• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Хуманитарните летови на Рашковски не биле баш хуманитарни

март 30th, 2020 Македонија коментари 995

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

На социјалните мрежи една Македонка го сподели своето искуство што го доживеала за време на т.н. хуманитарен лет за враќање на Македонци назад во Македонија како дел од најавената активност на Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Во продолжение во целост го пренесуваме ова сведоштво:

“Long post but here it goes…

Се вратив со хуманитарниот лет од Загреб до Скопје на 27.03.2020. Како за Светски ден на театарот, јас доживеав претстава каква што не сум видела до сега и ми требаше цел ден за мојот мозок да резонира што всушност се случуваше, па да можам да напишам и споделам.
Од Амбасада ни рекоа дека летот е во 11h, но дека ние треба да бидеме на аеродром најкасно до 8h наутро за да ги потпишеме изјавите дека се согласуваме да си го платиме летот и дека ќе одиме во државен карантин. Никој не се појави. Во 10h го отворија шалтерот за check in.

Се наредивме во ред, во кој скоро никој и да не ја почитуваше препораката од минимум 1м разделеченост. Македонче ко Македонче, ти дише во врат и се пика во тебе, како побрзо да ќе дојде на ред така. Од социјална дистанца голем дел од луѓето на аеродромот имаа разбрано само социјална. Дистанца е збор кој не постои во нивниот речник. Кога го замолив дечкото зад мене да се врати метар поназад, искоментира со потсмев. Откако ја земав картата сфатив дека летот е во 12 наместо 11h. Ок, ништо страшно. Во 12h летот не беше никаде на видик, камо ли паркиран. Ок, ќе касни. Македонска работа.

Луѓето нервозни, тензијата расте. Дури во 15h на дисплејот на аеродром беше напишано дека е одложен за во 17:10h. Се стационирав на едно шанкче во просторот за чекање подалеку од сите. На аеродромот ништо не работи, освен Free Shop, и една машина за вода и грицки. И да сакаш немаш кај да јадеш. Во меѓувреме, група мажи се собраа во пушалната на која имав директен поглед и ја претворија во кафана, пеејќи песни, наздравувајќи со флашите купени од Free Shop. Каков вирус, какво ширење, каква пандемија. Алкохол за дезинфекција.

По можеби 2 часа почнаа да излегуваат од пушалната, се сопнуваа дур одат, се држеа еден со друг, повраќаа. Гадости какви што не замислував дека некогаш ќе ги видам на аеродром.🤦‍♀️ Ја известивме вработената која ги прегледуваше картите пред да влеземе, не превзема ништо. Да беше во било која друга ситуација, вакви личности би биле избркани од аеродром, а не да им се даде да се качат на лет и да го загрозат просторот на тој што седи до нив. Летот не тргна ни во 17:10. Авионот пристигна околу 17:25, додека се качија сите патници дојде 18h и конечно тргнавме. Тоа беше истиот авион кои претходно ги земал патниците од Малта и ги вратил за Скопје, па дошол по нас, и од изјавите на Владата заклучив дека знаеле дека тоа ќе биде истиот авион.

Тоа што не успеав да разберам е зошто ни кажаа да бидеме на аеродром пред 8h наутро и да се создаде непотребна тензија и нервоза кога веќе знаеле дека летот не е возможно да биде во даденото време. На влез во авион беше поделено маска и ракавици на секој кој нема. Дел од патниците, на кои веројатно ова им беше прв пат да летаат со авион, имаа испоседнато кој кај стигне, како во автобус. Кога го замолив дечкото кој седнал на моето место да стане добив ноншалантен одговор од типот на ‘Е добро де, што е битно кој кај седи’.

Нејсе, тргнавме. На седиштата ни беа оставени изјавите кои требаше да ги потпишеме, како што ни кажаа, пред да влеземе во авионот. Во авионот галама, џагор, како на екскурзија во 8 одделение. Стјуардесата никој не ја слуша. Вика телефоните на airplane mode, еден дечко напред си прави video call. Дечкото до мене извади шише ракија, си се напи и го подаде на другар му во редот пред него, па после позади него. Во време на пандемија си делеа исто шише ракија. За дезинфекција де.

Пијанката продолжи во авион додека не го завршија шишето, сето тоа пред очите на стујардесите. Во секоја нормална земја, ваквите личности ќе беа казнети за нарушување на јавен ред и мир. Слетавме околу 19:10. Бевме поделени во 8 автобуси. Стујардесите ни ги читаа имињата и луѓето еден по еден излегуваа. Кога ги прашавме полицајците каде не носат, враќаа дрско и безобразно како да сме криминалци. Можеби и сме, што се вративме дома. Знам дека има и ќе има коментари од типот на ‘Па што баравте да се враќате, ќе не заразите, Македонија не ви чинеше, а сега доаѓате’ итн. но небитно. Секој со својата причина и совест. Сето ова траеше до 21h кога конечно тргнавме. Читам на сајтот на Влада пишува дека сме знаеле колку ќе чини летот пред да влеземе во авион(отприлика чартер летовите биле по 32 000€ вкупно делено на број на патници) и пред да се симнеме веќе сме знаеле каде ќе не носат. Не е точно! Ни едното, ни другото. Единствено на изјавата која ја потпишавме стоеше вкупната сума на летот (42 500€), и сметката на која треба да се уплати во рок од 15 дена, (што уште не ми е јасно како, кога 15дена ќе бидеме во карантин?! 🤔), но никаде точната сума по човек.

Дури по половина час во автобус возачот ни кажа дека не носи во Гевгелија, кога веќе и сами на мапите можевме да претпоставиме во кој правец сме тргнати.

Тензијата уште толку порасна. После 13 часа патешествија, нејадени, со по едно шише вода цел ден (кој имаше да си купи), уште минимум 2 часа возење до Гевгелија. Кој ги правел списоците не знам… Луѓе од Скопје во Гевгелија, луѓе од внатрешноста во Скопје. Дете од 7 години подобро ќе го смислеше сево ова.

Стигнавме околу 23h – 2 автобуси со полициска придружба. Хотел Фламинго. Одлично. Можеше далеку полошо. Додека се сместивме помина полноќ. Бевме прегледани од епидемиолози, но не и тестирани како што кажуваат на пресовите – дека секој кој е вратен ќе биде тестиран при влез, и повторно по 15 дена за да се потврди резултатот. Ни измерија температура. Тогаш и никогаш повеќе. Голем дел од патниците не им беше јасно што потпишале. Карантинот го сфатиле како екскурзија во 8мо па ај ќе се шетаме низ хотелот и ќе си одиме од соба во соба. Ама изгледа и државата карантинот не го сфатила како што треба. Наместо да биде секој сам сместен, во целосна самоизолација, евентуално заедно доколу тие двајца секако биле цело време заедно до доаѓањето, нас не сместија во соби по двајца, со луѓе со кои сме се запознале пред 2 минути, без притоа да знаеме кој е заразен кој не. И да не си, ако другиот е, тогаш џабе ти е пазење. Ти си колатерална штета. Ајде тоа некако го голтнавме – многу луѓе сме, ќе требаат многу соби за секој да е сам, ќе се пазиме максимално. Се погодив со една жена од Скопје, и ни беше даден еден од апартманите – дневна, трпезарија, балкон, џакузи и еден брачен кревет. ЕДЕН КРЕВЕТ! Во било кои други услови, апартман би било премија, но не и во време на пандемија. Тие што ме знаете, знаете колку патувам и дека се додека имам чист кревет и вц апсолутно не ме интересира каде сум сместена и кои други предности ги има хотелот. Но еден брачен кревет во кој очекуваа да спиеме луѓе кои не се знаеме меѓу себе, кој каде бил, и дали е заразен во време кога на тв секој ден по 100 пати кажуваат за изолација и социјална дистанца е виц. Ама од оние лошите. Се побунив, ми рекоа сите соби се такви. Да бев човек кој нема стапнато во хотел може и ќе поверував. Побарав ми дадат постелнина, или барем само јорган за покривање, ќе спијам на каучот во дневната, небитно. Се што требаше е да земат од друга соба и да ми донесат. Не успеа. На крај, не преместија во друга соба. Двокреветна. Конечно добивме барем сопствен кревет. Срце на место. Кога побарав маска од епидемиологот, ми рече дека не ми треба. Што ако сме биле две во соба и не се знаеме, сме биле заедно во автобус и во авион, ќе бидеме заедно уште 2 недели па ќе видиме… После цел ден хорори, главата ми чуреше. Не можев да се смирам. Што од тоа што го видов, што од односот, што од што не можев да испроцесирам како е возможно толкава неорганизираност.

Хотелот е одличен. Јадење имаме 3 пати дневно, ни го носат до пред врата. Вкусно е. Ни дадоа листи со избор од 2 јадења за ручек и вечера за цела недела, да избереме што сакаме. Менаџерката исконтактира со секој од нас. Прељубезна е. Што и да ни треба да и кажеме. Побаравме средства за дезинфекција. Ни испрати. Полицајците во хотелот се фини и се однесуваат спрема нас како спрема луѓе. Се е во ред. Знаејќи ја државава, можеше да биде полошо. Многу полошо.
Карантинот е неопходен. За наше добро е. На оние што се пијанчеа по аеродроми и во авион се дереа ‘Да живее короната’ не можеш да им кажеш да седат изолирани дома и да немаат никаков контакт и да очекуваш да те послушаат. Едноставно нема. Не разбираат. Немам проблем со карантинот. Бев 2 недели сама во хотелска соба во Љубљана, излегов само 3 пати до маркет. Ќе издржам уште 2 недели без проблем. Пријатно ми е сама со себе. Она што не е воопшто пријатно беше денот завчера и целото малтретирање и нервози поради лошата организација од страна на државата, информациите кои ги добивавме преку пресовите, а кои во стварност се покажаа како сосема невистини, како и односот на полицијата како да пристигнаа најголемите криминалци. И тоа, е она што е недопустливо. “

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Во Македонија се вршат само лимитиран број на тестови во тек на денот при што во континуитет се добива дневно слична бројка на ново заболени
Следна објава Наќе Чулев со статистички информации од изминатите 24 часа
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 703
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 642
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 664
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1318
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 596
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 690
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 365
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 457
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 665
Жена на денот
Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

1202
Маж на денот
Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

2139
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1465
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост
Регион

Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост

Ное 12th, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.