Оваа група на граѓани се самоорганизирале по примерот на Црните Пантери од 60-тите години на минатиот век за да се борат против пандемијата со Корона вирусот која што навлегува во квартовите со доминантно обоено население.
Оваа група на Оригинални Црни Пантери им овозможува помош и храна и други намирници за сиромашните граѓани кои живеат во овие квартови.
Екипата е предводена од Дерил “Кинг Рок” Фармер II кој што бил член на групата на Црни Пантери за самоодбрана како дете.
На негова 54 годишна возраст тој е Црн Пантер цели 44 години иако повеќе време групата не била активна во минатото.
Но луѓето во заедницата повторно повикувајки за помош ги активирале Црните Пантери со цел да ги решаваат проблемите во соседството.
Заедницата на обоени луѓе во Милвоки е силно погодена од пандемијата на Корона вирусот.
Овој град веќе е рангиран со најлоша состојба со заразата во однос на обоеното население, како најпогодено од здравствен но и од економски аспект.




