По кратко боледување, синоќа почина Петре Лозаноски- Кубурот.
Народен човек, со многу добрина, мудрост и духовна сила, тоа беше чичко Петре.
Претседател на Здружението на граѓани Коњаничко Комитски Војводски Чети – Скопје и учесник на голем број Илинденските Маршеви во изминатите години, Петре Лозаноски помеѓу оние кои го познаваа беше истакнат поборник за каузата и голем Македонист.

Немаше подарени функции, немаше државна плата, немаше бенефиции, но ги имаше своите пријатели кои во текот на својот живот ги наоѓаше според силината и жестината на духот и љубовта кон Македонија. Беше особено популарен кај помладите генерации кои од него учеа многу. На последниот марш замина тивко и нечујно, но галопот кој што го остави зад себе ќе ги крепи комитските патеки низ Македонските планини долго време.

Нека почива во мир.
Жива е Македонија.



