Мега популарната музичка ѕвезда Адел на социјалните мрежи објави своја најнова фотографија на која се гледа нејзината нова витка линија.
Оваа фотографија доаѓа како своевидно изненадување за јавноста и нејзините фанови.
Ви благодарам за укажаното внимание за мојот роденден. Се надевам дека сите сте безбедно и здрави во овие луди времиња. Сакам да се заблагодарнам на луѓето од првиот контакт и работници кои што овозможуваат да бидеме безбедни додека ги ризикуваат своите животи. Вие навистина сте наши ангели. ♥️ Во ред, чао, благодарам.
-напиша таа на инстаграм заедно со објавената своја фотографија со последниот нејзин изглед.


