Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНе од Кочани Миле Лефков денеска со свој коментар на социјалните мрежи ги прозва властите и функционерите на СДСМ од Кочани за нивната акција на делење на пропаганден материјал наспроти затворените угостителски објекти кои бележат огромни загуби во овој период.
Лефков ја проблематизира акцијата на СДСМ која наликува како келнерска работа која што огромен број келнери поради одлуката на владата не можат да ја работат со аргументи дека постои потенцијална опасност за ширење на вирусот Ковит- 19. Но тоа не е доволна причина за активистите на СДСМ да ја избегнат оваа партиска активност за да се додворат на граѓаните на Кочани.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ:
“Дали Ковид 19 е опасен само за угостителите па останаа без приходи повеќе од 80 дена?
Прашањето за СДСМ:
Дали при служењето гости угостителите остваруваат поголем контакт со граѓаните од вашето непотребно делење пропаганден материјал денес?
Им забранивте да работат, луѓето банкротираат, сите не заклучивте дома а вие слободно може да делите летоци! Лицемерни сте, дно!😡


