Игор Дурловски денеска преку социјалните мрежи ги честиташе двата празници кои што на денешниот ден ги празнуваат граѓаните во Македонија.
Тој упати порака и честитки за сите македонски граѓани кои што го празнуваат 24 Мај- Денот на селсовенските просветители Св. Кирил и Методиј:
“Сите народи да зборуваат на својот јазик и тоа да не биде пречка за комуникација меѓу луѓето, за размена на мисли и идеи. Ова е максимата на Светите браќа Кирил и Методиј, која мора да живее.
Нека е честит големиот празник, да ги славиме делата на македонските просветители и нивната хумана мисија!”
Исто така Дурловски упати и честитка до граѓаните со исламска вероисповест кои што денес го слават празникот Рамазан Бајрам:
“Македонија е земја на цивилизациски вредности во која почитувањето на правата на поединецот е историска придобивка.
Низ долгата и богата историја на македонскиот народ и на сите останати кои живееле и живеат тука, создадено е непроценливо културно богатство од кое и денес, младите генерации треба да црпат чувство на идентитет и почит кон своите корени и традиционални вредности.
Токму културната и религиската разновидност на Македонија се најголемиот креативен потенцијал, кој треба да го негуваме, а вистински пример за тоа се Македонците-муслимани кои изворно го зборуваат нашиот убав македонски јазик, а денес ги слават добрината, милоста и простувањата.
На сите кои го чествувате големиот празник Рамазан Бајрам, ви посакувам мир и радост во душата и бескрајна љубов во срцата.
Останете во добро здравје..”


