Во објава на еден од интернет порталите во Македонија т.н. независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ- (колку тоа и да звучи луцидно: независни, а од ВМРО-ДПМНЕ) оссумината наредени како за на студентско табло еден до друг, го прозиваат и повикуваат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за повеќе прашања.
Со овие прашања за кои се обраќаат во јавност оссумината независни на ВМРО-ДПМНЕ во оваа нивна преписка пренесена преку медиум се обидуваат да создадат аргументи зошто Мицкоски треба да го напушти лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ и тоа баш пред претстојните парламентарни избори.
Потребата да се напакости на човекот во чиј што претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ овие пратеници кои влегоа во Македонскиот парламент благодарение на партијата а против чии што одлуки гласаа за промена на името на Република МАкедонија наспроти сите заложби и програмски определби пред тоа, е очигледно голема и дури и за нивни прилики оправдана до одредена мера затоа што се свесни дека нивната политичка кариера во оваа партија е завршена..
Но она што особено е трагично во ова нивно обраќање во јавноста е кажано уште во почетокот на насловот на статијата на овој интернет портал со која независните од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: Христијан Мицкоски, оди си.
Наспроти сите партиски документи, наспроти сите статутарни определби, органи и тела во партијата, токму оссумината независни од ВМРО-ДПМНЕ се најдоа најповикани да го порачуваат ова во јавност….
Нашиот народ за вакви вид и карактери на луѓе има една доста бистра изрека: Видело магарето дека коњот се кове и тоа ја кренало ногата.


