Билансот на новозаразени и починати од зараза со Ковит-19 во државата прогресира. Од друга страна власта брза кон избори за кои никому не му е јасно на кој начин и под какви безбедносни закани ќе се спроведуваат.
Полковникот Драган Ковачки во неодамнешното свое интервју за порталот Делчево365.мк со оглед на својата служба за безбедноста на граѓаните во Македонија во досегашните безбедносно превирања во државата од осамостојувањето до денес, како и сериозноста со корона-кризата, направи соодветна паралела во однос на бројот на жртви од заразата со корона вирусот со воениот конфликт во 2001 година кога тој беше директен учесник во безбедносните сили во одбраната на Македонија.
Притоа Ковачки го искажа своето длабоко извинување кон семејствата на починатите за погрешните политики на државата за ваквиот негативен биланс со заразени и жртви е кај власта во државата.
“Ние во досегашниот период имаме околу 170 починати граѓани. Во овој момент јас би се извинил на семејствата на починатите, меѓутоа морам да кажам дека ние во овој момент имаме двојно повеќе починати од 2001 година кога имавме несреќен воен конфликт. Во тој конфликт имавме промени на началник на генералштабот. Јас очекувам дека е време и во нашата влада да се појави едно такво размислување, дека е потребна одговорност. Дека е потребно најодговорниот да понесе одговорност. И внимавајте, не само политичка одговорност, тука зборувам и за кривична одговорност затоа што станува збор за несовесност,”
-ја истакна специфичноста на моменталната безбедносна закана со Ковит-19, Драган Ковачки и продолжи:
“Вие не можете да почнете кампања во вонредна состојба како што тоа се случи во месецот мај, кога ги видовме нашите политички противници кои што одеа во кампања. Па после тоа ни се случија овие пикови на болеста. Недозволиво е да разговараме за избори кога безбедноста на граѓаните е нарушена. Нема повисоко нешто од тоа граѓанинот да биде безбеден и сигурен,”
-упати порака Ковачки апелирајки кон власта да се вразуми во однос на заканата по безбедноста на граѓаните.
Овој дел од неговото интервју за порталот Делчево365.мк погледнете го во извадокот во продолжение:
via ytCropper

