Носителот на кандидатсклата листа за пратеници од Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица Игор Јанушев со свој фејсбук статус ги искоментира лагите на Љупчо Николовски кој што во 2016 година ветуваше се и сешто рамо до рамо со неговиот претседател Зоран Заев.
Јанушев во врска со “животот” кој Љупчо Николовски го нудеше на Македонските граѓани во 2016, напиша:
“Во недостиг на аргументи и скапо платен ПР од народни пари преполн со лаги, очекувано беше дека Ljupcho Nikolovski повторно ќе бега од дебата со мене.
И додека неговите розови статуси кои секојдневно ги пишува за тоа како ќе покачеле плати во здравството, да те потсетам 3 ипол години сте на власт а ветивте 100.000 денари плата за лекарите.
Исто така ветивте и 500 евра плата, па сега во оваа кампања Зоран Заев најавува минимална плата од 20.000 денари, а просечна плата од 36.000 денари. Железни опинци ќе облечевте, но просечна плата од 500 евра во Македонија ќе имаше, така најавувате во 2016 година.
Но, на страна од лагите на СДСМ и вашиот криминален шериф во партијата Заев, тоа што вие Николовски го изјавувавте во 2016 година и го лажевте народот не може да се заборави ниту избрише, па поради тоа ќе ве потсетиме на интервјуто во Канал плус, можете на следниот линк да се слушнете, бидејќи заборавивте што се го излажавте народот за изборите во 2016та година, а тоа гласи:
https://www.youtube.com/watch?v=JRdWaJIG16o
– Македонија има европски и модерн устав. Уставот на Република Македонија не може да се менува , 9:30 минута.
14:20 мин – да се изберат квалитетни луѓе, а не луѓе кои само ќе стискаат копче и да нема повеќе носење закони во скратена постапка за да се штити криминалот на власта.
16:30 мин – ќе ги вратиме парите кај граѓаните
18:05 – ќе ја намалиме владата
18:46 – ќе се кратат патните трошоци на пратениците
19:10 – ќе го продадеме мерцедесот
19:18 – секоја недела ќе има пратенички прашања.
Догледај го до крај интервјуто и пронајди ги и останатите лаги….
Од сето ова, народот единствено што виде е баш спротивното. Менување на Устав со цел промена на Уставното име, носење закони по кратка постапка за вашите криминали да цутат, додека народот едвај крај со крај врзува во месецот. За 40 проценти повисоки плати за првите луѓе во кабинетите на министрите во владата, па Манчевски мораше да ја лаже јавноста дека тие луѓе работеле 24/7 и поради тоа морале да ги зголемат платите. Се утепавте од возење во тој мерцедес додека Оливер Спасовски најавуваше како ќе се продаде за болничка опрема, но еве веќе 3 години ви е удобно во него. За патните трошоци да не ни зборуваме, за тоа Мира Дизел ќе ви даде листа финансиска.
П.С за време на најголемата криза со Ковид 19, ветивте респиратори, но ни тие не ги набавивте. Не сте способни да водите држава, способни сте само за криминали.
Николовски, можеш да бегаш од дебати со мене, но од одговорноста која ќе следи после изборите нема ниту еден од вас да избега, нема да избегате и од казната на народот со фијаското кое ќе го доживеете на 15 јули!”


