Секоја година во очи на Илинден насекаде низ државата се реализираат подготовки за што подостојно одбележување на овој Македонски светол празник.
Здружението на граѓани “Илинденски марш” од Горно Лисиче и оваа година ќе биде еден од најбележитите учесници на главниот илинденски настан со учество на поголема група на коњаници кои ќе тргнат кон Мечкин камен.
Пред почетокот на коњаничкиот илинденски марш коњаниците симболично ја дадоа својата заклетва за иднината на Македонија со зборовите на славните револуционери и комити од илинденскиот период.
Револуционерниот дух на првата република на Балканот постои и ден денес.
Нека е со среќа!


