“Слобода или смрт”- пишува на кокардата која што на својата добро препознатлива беретка ја носел Тодор Александров. Со иста ваква беретка и значката со препознатливиот амблем на кој што над вкрстени револвер и кама во развеано знаме стои револуционерната парола, на главата, денеска Рашела Мизрахи го започна Илинденскиот Коњички марш кој што се одржува секоја година во чест и слава на востаниците кои го запалија огнот на слободата за Македонскиот народ.
Рашела Мизрахи е дел од новиот парламентарен состав во Македонското собрание во рамки на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи коалицијата за Обнова на Македонија со 44 пратенички мандати.


