Општинската администрација при ЕЛС Делчево ги информираше граѓаните дека е воведена можност за наплата од страна на граѓаните за услугите кои ги пружа општината со електронски банкарски картички преку електронски уред т.н. пост терминал.
На овој начин граѓаните ќе можат да плаќаат за услугите на општинската администрација, побрзо и поефикасно без да шетаат по шалтери во банки со што ќе се зголеми ефикасноста на работењето на општината.
“Општина Делчево воведе наплата преку ПОСТ ТЕРМИНАЛ со единствена цел за подобрување на квалитетот на услугите на граѓаните и брза и ефикасна општинска администрација.
Градоначалникот Трајковски истакна дека во едно отворено и демократско општество, администрацијата треба да и служи единствено на граѓаните. Поради тоа, воспоставената пракса и традиционалнииот начин на администрирање на сложените активности поврзани со управувањето со прашањата од интерес на заедницата треба да се преобрази во нов, модерен и организиран начин.Начин кој ќе воспостави природни релации на взаемна почит помеѓу граѓаните и вработените во општинската администрација,”
-соопштуваат од општина Делчево и додаваат:
“Со воведувањето на наплата на услугите на граѓаните преку ПОСТ ТЕРМИНАЛ , Општина Делчево се придружува на големото европско семејство на општините кои се отворени и достапни на граѓаните во насока на подобрување на квалитетот на живеење.”


