Повеќе надлежни организации и институции започнаа со кампања за прогласување на Осоговските планини за заштитен предел.
Од општина Кочани информираат дека во кампањата ќе учествуваат Министерството за животна средина и просторно планирање, Македонското еклолошко друштво, ЈП “Национални шуми” како и општините Кочани, Чешиново Облешево, Пробиштип, Македонска Каменица и Крива Паланка.
Кампањата има за цел да ја запознае јавноста за генералните особености на правниот статус “заштитено подрачје” за пределот како и економските придобивки од самата заштита на тој геогравски регион за граѓаните кои што живеат и гравитураат таму. Истовремено преку оваа кампања ќе се врши афирмација на природното богатство на регионот и потенцијалот за истото да се искористи во економски цели.
Во продолжение интегрално го пренесуваме соопштението упатено до јавноста од страна на општина Кочани во врска со оваа претстојна активност:
“Започнува кампања за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел
📌Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Македонско еколошко друштво, Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините во идното заштитено подрачје започнува кампања за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел.
Целта на кампањата е да се информира и запознае јавноста за тоа што претставува „заштитено подрачје“, како може да се зачуваат природните вредности и воедно да се обезбедат економски придобивки од заштитените подрачја. Кампањата ќе трае во следните четири недели, а преку видеа и фото-тестемонијали и други промотивни содржини ќе имате можност подобро да го запознаете Осоговскиот регион и да дознаете зошто Осогово заслужува и треба да се заштити. Во рамки на кампањата ќе се зборува за природните вредности, биодиверзитетот, туризмот, планинарството, културата и традициите во Осогово, а ќе се споделат и важни информации за идното заштитено подрачје.
👉Кампања е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.
👉Кампањата е поддржана и од општините Кочани, Чешиново Облешево, Пробиштип, Македонска Каменица и Крива Паланка.
За зачувано Осогово какво што сакаме да биде: чисто, зелено и развиено!
#ДаГоЗачувамеОсогово
#ОсоговоИЛичноИРазлично
#брегалничкислив #CHinMK“”


