Граѓаните на Виница ги живеат неуспесите и штетните политики на локалната и централната власт во континуитет. Кадрите на СДСМ кои се менуваат на клучни локални функции влетуваат од неуспех во неуспех на штета на граѓаните во локалната заедница.
За ваквите погубни политики на СДСМ во Виница со свое соопштенија во јавноста се обратија и ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот комитет во Виница за разобличување на лошите политики на локално ниво.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата упатена до виничката и целата Македонска јавност во врска со работењето на директорите на ЈП Солидарност во изминатиот период:
“Иако му посакавме многу успешна работа на директорот на ЈП Солидарност Александар Трајков, сепак веќе по една година директорување слободно можеме да констатираме дека се покажа како далеку понеуспешен дури и од претходниот директор.
И тоа го покрепуваме со следниве факти 
Цената на водата повторно се зголеми, наместо да ја намали за 30% како што ветуваше пред избори!
Пред избори распиша и реализираше оглас за 17 ново вработени!
Вработените во ЈП сеуште немаат земено плата за јули!
И покрај покачување на цената на водата, ЈП за првите 6 месеци од оваа година работи со загуба од неверојатни 3 милиони денари или прикажува загуба за 1 милион денари поголема од минатата година!
Во градот и населените места под ингеренции на ЈП продолжи нередовното чистење и собирање на ѓубрето, ненавремено и нередовно се косње на јавните површини, бавно и неефикасно отсранување на дефектите на водоводната и канализациона мрежа!
Депонијата во с.Лески не успеа да ја стабилизира и пред неколку недели повторно гореше и го загадуваше воздухот на подрачјето на голем дел од општината не само во с.Лески!
Населените места во општина Виница, речиси сите не само оние под ингеренции на ЈП и оваа година многу често имаа неисправна вода за пиење!
Продолжи партискиот реваншизам врз вработените во ЈП!”
-стои во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница.


