Поранешната “Претседателка” на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова на својот фејсбук профил се обиде да ја критикува лексиката на својата поранешна партија која ВМРО-ДПМНЕ ја користи во комуникацијата со јавноста.
Имено Даниела Рангелова споделувајќи ја објавата за избор на нов Претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ побара од својата поранешна партија да го користат терминот “Претседателка” наместо коректниот термин “Претседател” заради некаков родово сензитивен јазик.

На ваквата објава на поранешната “функционерка” на ВМРО-ДПМНЕ следуваше бурна реакција на социјалните мрежи од граѓаните, кои што поради сензитивноста на коментарите истите нема да ги споделиме.
Истовремено на Рангелова очигледно не и смета/ше нејзината функција како “Претседател” на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.



