И ТОА ЌЕ ПОМИНЕ
На менаџериве на пандемијава не им се важни научните објаснувања на ситуацијава туку најважно од се е да покажеме манифестација на страв, континуиран стрес, тага, покорност, немоќ, и барање за помош од безизлез…Тоа значи состојба без чувство на задоволство, среќа, радост, исполнетост… Енергетската моќ на човечките чувства е посилна од манифестацијата на нуклеарна бомба. Разликата е во тоа што нуклеарната бомба носи илјадници жртви одеднаш, а негативните човечки чувства кои долго траат влегуваат во генетиката на наредните генерации…Оваа состојба се воведува на светско ниво, каде се инволвирани воглавно земјите со висок степен на развиток на капитализмот, односно империјалистичките земји, чиј економски развој е веќе на работ на издржливост и неопходен распад. Во сите досегашни општесвени пресврти и кризи, Балканот бил поле за нивна меѓусебна пресметка. И тоа ќе помине…


