На социјалните мрежи се појави дел од комуникацијата на пеачката Тамара Тодевска во која се гледа како таа добива насоки на кој начин да спроведува пропаганда во полза на општина Центар во Скопје.
Станува збор за кампања за рециклирање на отпадот преку која се мотивираат “центарци” да се вклучат во истата која треба да ја афирмира работата на Општина Центар и јавното претпријатие за паркинзи во општината.


