Во петок (04.12.2020 година) жителите на Кочани ќе можат својот револт да го искажат јавно на протестот кој што е закажан во 18.00 против коцкарските политики на Зоран Заев и неговата болумента на власт.
Свој личен повик до сите граѓани на Кочани упати и Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани кој истакна дека сите чесни Македонци кои се незадоволни од власта на Заев ќе може да покажат дека не се само фејсбук патриоти.
“Почитувани граѓани на општина Кочани.
На ден 04.12 во петок во 18часот, ВМРО-ДПМНЕ КОЧАНИ организира протест со возила против политичкиот аматеризам на Зоран Заев и погубните политики на оваа власт!Сите оние чесни МАКЕДОНЦИ кои се незадоволни од овие коцкарски политики, во петок, имаат шанса да се докажат, дека не се само фејсбук патриоти, а револтот да го покажат на дело!
Излезете сите за да не биде предоцна!!!”
-соопшти Мирче Стојков.


