Интегрален текст на прес конференцијата на Христина Серафимовска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип:
“Почитувани сограѓани,
Во време на економска криза, зголемена невработеност и сиромаштија, нешто што најмногу ги засега граѓаните се народните пари, како се управува со нив и дали се злоупотребуваат.
За жал транспарентноста на СДСМ во делот на материјалната состојба на функционерите е слаба страна, дури и пред локални избори кога повторно ќе ја бара довербата од граѓаните.
Масовна појава меѓу функционерите на СДСМ е непочитување на обврската од Државната комисијата за спречување корупција за пријавување на имотната состојба и објавување на секоја нејзина промена со цел транспарентност во работењето и спречување на злоупотреба на функциите.
Промена на својата имотна состојба не пријавиле првите луѓе на најголемите јавни претпријатија и установи во градот како што се ЈП Исар, ЈП Стипион, Казнено поправниот дом – Штип, Клиничката болница и сл. Дали станува збор за неодговорно однесување и грубо кршење на прописите или намерно прикривање на брзорастечка имотна состојба може да утврдат институциите.
Она што граѓаните можат да го видат е расфрлање со луксузни возила и очигледна промена на нивната имотна состојба.
А она што граѓаните не можат да го видат е уредно поднесен имотен лист со пријавена промена.
Очигледно е дека локалните функционери не сакаат јавноста да има увид во промените кои настаннуваат во нивната имотна состојба.
Затоа ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција и сите надлежни институции да ја истражат ваквата појава меѓу штипските функционери.
Време е да се стави крај на криминалното владеење на СДСМ. Штипјани заслужуваат подобра и подговорна власт!”


