• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Свет

Македонската Дијаспора со светски проглас бара неменливост на името Македонија и целосна заштита на Македонските национални интереси

декември 23rd, 2020 Свет коментари 2309

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Македонската Дијаспора со светски проглас бара неменливост на името Македонија и целосна заштита на Македонските национални интереси

До сите Македонски и светски јавни гласила во Европа, Австралија, Северна и јужна Америка претставници на Македонската дијаспора од сите светски мередијани упатија јавна повелба во контекст на актуелните геостратешки и политички процеси поврзани со Република Македонија.

Оваа повелба е една од двете кои што беа усвоени на конференцијата во градот Ејџекс во близина на Торонто, Канада на која учество зедоа поголем број на активни и репрезентативни Македонски организации ширум светот. Првата повелба се однесува на нелегитимното, против уставно и спротивна на народната волја -промена на Уставот и штетните меѓународни договори со кои се смени името на државата и идентитетот на македонскиот народ и се врши раздавање на Македонската историја

Текстот на оваа повелба го пренесуваме во целост во продолжение:

ПОВЕЛБА

Торонто, Декември 20, 2020

ТРГНУВАЈЌИ ОД ТОА ДЕКА НИЕ, денешните Македонци сме горди потомци и наследници на славните древни Македонци;

ПОТСЕТУВАЈЌИ ДЕКА Македонците од целот свет се гордеат на своето исконско етничко име – Македонци и тоа е единственото име со кое сакаат да бидат именувани;

СВЕСНИ ДЕКА Македонскиот народ и држава имаат само едно име, Македонци, односно Македонија со уставната категорија Република;

ЗАБЕЛЕЖУВАЈЌИ ДЕКА никој, вклучително и Владата на Република Македонија, никогаш немал легитимно ниту морално право да преговара за менување на македонското име или да разговара со некого околу некакви наводни „разлики“ околу името на Македонскиот народ и држава;

ПОЧИТУВАЈЌИ го природното право на секој народ и држава да си го избира своето народносно, национално и државно име;

ПОДДРЖУВАЈЌИ ја определбата на македонскиот народ да не прифаќа никакви измени, додавки или придавки на името Македонија/Македонци, кое беше потврдено на првиот Референдум на 8 септември 1991 година, а Собранието на Република Македонија со Декларација од 17 септември истата година ја потврди народната волја, што потоа се изрази и со Уставот на Република Македонија донесен на 17 ноември 1991 година; и неуспешниот Референдум за 30 септември 2018 година кога мнозинството Македонци одбија да учествуваат во самоуништувањето;

ПОТСЕТУВАЈЌИ ДЕКА Македонците постојано изразуваат загриженост и одбивност кон сите обиди за однародување, обесправување и претопување на Македонците кои живеат на својата етно-историска територија, како и во други држави;

СВЕСНИ ДЕКА обидот на Грција да го проблематизира името на Република Македонија беше обид да се тргне нашето и светското внимание од етничкиот и културен геноцид кој Грција го спроведуваше и сеуште го спроведува во егејскиот дел од Македонија врз тамошните домородни Македонци уште од окупацијата на овој дел во 1912 година;

ЗНАЕЈЌИ ДЕКА ни еден поединец, држава или меѓународна организација нема право да наметнува промена на името на еден народ или држава;

УБЕДЕНИ ДЕКА присилното менување на Уставот на Република Македонија и исфрлањето на АСНОМ-ските решенија со цел менување на државното име, како и следователните договори (Преспанскиот договор помеѓу Димитров и Коѕијас, и договорот за Добрососедство со Бугарија) и спроведувањето на Тиранската платформа се крајно штетни за македонската држава и народ;

СВЕСНИ ДЕКА сите домашни или меѓународни договори кои во себе содржат недозволени предмети и се спротивни на јавниот морал, се потпишани со измама, како и тие кои се потпишани под присила и подреденост, можат секогаш да се раскинат со еднострана нота;

ГОРДИ НА ТОА ШТО сите етнички Македонци од светот, без разлика дали живеат во Република Македонија или во другите делови од етно-историска Македонија, пошироко на Балканот, или пак раселени ширум светот, без разлика на нивнта верска припадност или државјанство, се нераскинлив и составен дел од македонскиот народ и својата татковина Република Македонија, и според тоа имаат целосно право слободно да го искажат своето мнение за теми од семакедонски карактер;

ЗАТОА НИЕ, Управата на Организацијата Обединети Македонци во Канада, заедно со сите наши членови, во својство на национален претставник на македонската заедница во Канада, како и Управите на македонските црковни општини, го усвојуваме и обнародуваме следниов

ПРОГЛАС

за неменливост на името Македонија, односно Република Македонија и целосно заштитување на македонските национални интереси при изнаоѓање македонски пат кон иднината

1. Даваме целосна поддршка на македонскиот народ преу протести да го искаже своето несогласување со велепредавничката политика на „Владата“ на СДС предводена од Зоран Заев и ги охрабруваме уште помасовно да се воздигнат со цел рушење на режимот;

2. Ги охрабруваме сите собраниски македонски партии да ги искористат сите собраниски алатки, како и вонсобраниски партии да ги користат вонсобраниските алатки, со цел рушење на режимот со кој ние целосно имаме раскинато секави врски;

3. Целта треба да биде воспоставување привремена Влада за национален спас која во најскоро можно време ќе организира слободни избори;

4. Привремената Влада за национален спас мора веднаш да ги ослоободи сите политички затвореници во Република Македонија, вклучително сите Уставобранители;

5. Идната Влада на Република Македонија веднаш, безусловно и неотповикливо да ги извести Организацијата Обединети Нации дека државата ќе го продолжи своето членство во ООН и во сите други меѓународни организации исклучиво под своето историско име Македонија, со уставната одредница Република и дека повеќе нема да прифаќа привремени, понижувачки и наметнати имиња;

6. Идната Влада и Собранието на Република Македонија да ја потврди важноста на Декларацијата/Одлуката од 3 јули 1992 година и со нова Одлука да се обврзе сегашната и секоја идна Влада да не смее во никој случај да разговара за менување на името или да разговара за разлики околу името со ниедна друга држава или меѓународна организација;

7. Идната Влада и Собрание на Република Македонија еднострано да ги раскине сите штетни договори со испраќање нота до ООН и вклучените држави;

8. Под итно идната Влада на Република Македонија треба да отпочне сеопфатна и добро смислена дипломатска офанзива за целосно свртување на светското јавно мнение на наша страна со вклучување на услугите на некоја светски позната фирма за насочување на јавното мнение во полза на македонската вистина. Да се искористат стручните услуги на врвни стручни лица, вклучително и бројните врвни македонски стручњаци ширум светот;

9. Да се искористи и вклучи во народното дело потенцијалот на македонското иселеништво за лобирање во своите средини;

10. Овој Проглас се доставува до „Претседателот“, „Владата“ и „Собранието“ на Република Македонија, државните установи, политичките партии, јавните гласила, Македонците ширум светот и до меѓународната заедница.


Потписници:

1. За Организацијата Обединети Македонци во Канада и македонскиот православен манастир Св. Илија – Драги Стојковски, претседател;

2. За Македонското меѓународно движење за човекови права – Бил Николов, претседател;

3. За Македонското движење за човекови права од Њу Јорк и Њу Џерси – Драган Славковски, претседател;

4. За Леринското околиско здружение – Грегори Цанев, претседател;

5. За МПЦ Св. Климент Охридски, Торонто – Владе Димитровски, претседател;

6. За МПЦ Св. Илија, Мисисага – Ацо Крстевски, претседател;

7. За МПЦ Св. Димитрија Солунски, Маркам – Бале Гајтановски, претседател;

8. За Св. Недела, Ејџакс – Славе Бунтевски, претседател;

9. За МПЦ Св. Никола, Скарборо – Митко Ѓурчевски, потпретседател;

10. За МПЦ Св. Наум, Хамилтон – Кочо Стериовски, претседател;

11. За МПЦ Св. Богородица, Кембриџ – Петре Медичков, претседател;

12. За МПЦ Св. Никола, Виндзор – Менде Талевски, претседател;

13. За МПЦ Св. Кирил и Методиј, Сидер Гроув, Џу Џерси – Пецо Димовски, претседател;

14. За МПЦ Св. Никола, Тотова, Њу Џерси – Иван Марковски, претседател;

15. За МПЦ Св. Климент Охридски, Колеџ Поинт, Њу Јорк – Пецо Милевски, претседател.

Торонто, Декември 20, 2020

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово со достојна почит ќе го одбележи денот на погибијата на Даме Груев, Сандо Китанов, Георги Карчов и Георги Поп Стојанов
Следна објава Повелба за неменување на името Македонска православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) како црква на македонскиот народ упатена од страна на Македонската дијаспора ширум светот
Може да Ве интересира:
Апел од наставниците по македонски јазик во светот "Учи Македонски"
Свет

Апел од наставниците по македонски јазик во светот "Учи Македонски"

септември 12th, 2022 509
Макрон ја откри Русија- дајте му Нобелова награда: Храната, како и енергијата, станаа руско воено оружје
Свет

Макрон ја откри Русија- дајте му Нобелова награда: Храната, како и енергијата, станаа руско воено оружје

јули 27th, 2022 802
САД ги поздравува важните чекори на ЕУ за напредокот на интеграциите на Западен Балкан
Свет

САД ги поздравува важните чекори на ЕУ за напредокот на интеграциите на Западен Балкан

јули 19th, 2022 508
Ивана Трамп- поранешната сопруга на Доналд Трамп почина од срцев удар на 73 годишна возраст
Свет

Ивана Трамп- поранешната сопруга на Доналд Трамп почина од срцев удар на 73 годишна возраст

јули 14th, 2022 565
Проглас на Македонците во Светот: Не за бугарскиот договор
Свет

Проглас на Македонците во Светот: Не за бугарскиот договор

јули 13th, 2022 588
Кој од позадина го контролира Џо Бајден? Дали човекот е способен да диктира политика на светско ниво?
Свет

Кој од позадина го контролира Џо Бајден? Дали човекот е способен да диктира политика на светско ниво?

јули 9th, 2022 752
Македонската дијаспора ги повика Македонците од целиот свет да допатуваат во татковината за нејзина одбрана
Свет

Македонската дијаспора ги повика Македонците од целиот свет да допатуваат во татковината за нејзина одбрана

јули 6th, 2022 583
Македон: Прва децентрализирана социјална мрежа во светот која ја градат Македонци за Македонци !
Свет

Македон: Прва децентрализирана социјална мрежа во светот која ја градат Македонци за Македонци !

јули 6th, 2022 721
Портпаролот на кинеското министерство а надворешни вака го трола западот
Свет

Портпаролот на кинеското министерство а надворешни вака го трола западот

јуни 29th, 2022 306
Жена на денот
Интересни факти за  Џулија Робертс

Интересни факти за Џулија Робертс

671
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1682
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 583
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 201733
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202223
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.