Членови на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево по повод новогодишните и Божиќни празници донираа домашни работни бироа за три семејства од општината. Овие бироа членовите на општинското раководство ги набавија од сопствени лични сретства за потребите на дечиња од посиромашни семејства кои што следат онлајн настава во домашни услови.



