Актуелната власт која се гуши во хедонизмот на сопствените функционери на сите нивоа во државата, не бира начини за да се додвори на сиромашните граѓани и земјоделците кои преживуваат насекаде низ државата.
Најавата за продажба на државно земјоделско земјиштѕе кое што провладини центри на пропаганда го пласираат во јавност како особено добра мерка во себе во суштина содржи уште еден грабеж на државата од страна на поединци што може да биде резултат од оваа нивна т.н. мерка за помош и развој на земјоделието.
Откако со затвореноста на границите и строго контролираната извозна политика како и негативниот биланс на извозот наспроти увозот на земјоделски производи актуелната власт го уништи домашното производство, сега државатѕа нуди на продажба државно земјоделско земјиште по 1€/m2. Ваквата најава следува по катастрофално лошите откупни реколти за низа земјоделски култури, како и доцнењето на исплатата на огромни финансиски сретства за земјоделските субвенции. Вистинските земјоделци кои егзистираат единствено од земјоделие се доведени на питачки стап со долгови кон добавувачите на репро материјали, а државата сега ќе им нуди да си купат државно земјоделско земјиште.
Ваквата илузија дека државата се грижи за земјоделците ќе оди во прилог на поедини шпекуланти кои што имаат црни пари во посед со цел да ги навлече да ги пуштат во оптег на руинираната економија и барем за некој месец да го пролонгираат катастрофалното владеење на Зоран Заев.
За ваквата намера на власта свој став во јавноста упати и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ одговарајки денеска на новинарско прашање од општина Могила.
Тој истакна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ цени дека планот на владата да продава државно земјоделско земјиште за едно евро не е добар, заради тоа што во тој случај само одредени олигарси коишто имаат црни фондови на средства би го искористиле тоа да ги легализираат и да станат големи земјопоседници, но народот и државата во целина не би имале корист и ние сме против такво решение
Има многу други начини како да се помогне на земјоделието, како подомаќински да се стопанисува со Буџетот, наместо да се распродава државното земјиште за да се оправда ова расипничко трошење на државниот Буџет коешто власта го прави,
-соопшти Милошоски од Могила.


