Зоран Заев во интервју за “Фокус” зборуваше и за политичката партија Левица на Димитар Апасиев за која го изрази својот став дека Левица е голем фејк во општеството. Раководството на Левица според ставот на Зоран Заев се претставувале како левичари, но всушност по природа тие се радикални десничари и дека оваа партија не е иднината на оваа земја.
“Лесно е да се собираат националистички и популистички поени, но она што е јуначко е да се решаваат проблемите и да се создаваат решенија. Тие често зборуваат невистини и ги охрабруваат младите, но не само што ќе биде поразително за тие млади, туку ќе им ја скрши душата,”
– вели Заев во интервјуто за Фокус..
Ваквите изјави на Заев следуваат по минатогодишната препирка од говорницата на Македонскиот парламент когва Зоран Заев го праша Апасиев за поддршката која ја добивал тој и неговата партија левица во изминатиот период.


