Драган Ковачки попладнево излезе со своја порака со која го повика Македонскиот народ да излезе на блокадите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ со цел за спротивставување на намерите на Зоран Заев да го предаде Македонскиот национален идентитет на соседна Бугарија.
“Никој нема право да преговара за тоа кои сме и што сме! Никој!
Ние сме тоа што сме: Македонци што говорат македонски јазик (без придавки, додавки, фусноти или сл.).Македонскиот народ мора да знае за што преговараат трговците Заев и Бучковски. Заев мора да ја објави целата платформа, п’тна карта или како и да си го вика тој документ со кој го вршат предавството на сопствената нација.
Да излеземе на блокади. Да излеземе од почит кон нашите предци.
Да излеземе за иднината на генерациите после нас.
-напиша Драган Ковачки на фејсбук.


