Со новиот ребаланс на Буџетот на владата на Република Македонија Зоран Заев испланирал дека во Буџетот ќе има слевање на 1 милјарда и 685 милиони денари за едно полугодие годинава по основ на т.н. еколошка такса која што граѓаните ќе ја плаќаат за секој купен литар дизел гориво на бензинските во државата.
Ваквитењ пари директно обезбедени од џебот на граѓаните ќе бидат наменети за проекти од сферата на животната средина (инвестиции поврзани со обновливи извори на енергија и воопшто екологијата) на институциите на државата.
Ваквото поскапување на цената на дизел горивото е предвидено како приход на Буџетот со новиот ребаланс кој што пратениците од парламентарното мнозинство го изгласаа во собранието.
Најголем удар од ваквото поскапување на дизелот ќе биде врз работењето на земјоделците како и автопревозниците и камионџиите.
Со цел да се намали ценовниот шок врз граѓаните Заев и актуелните финансиски власти најавуваат намалување на стапката на ДДВ од 18% за електричната енергија на 5% но тоа ќе биде до 2023 година кога повторно ДДВ-то ќе се врати на стапка од 18%.


