Во Античкиот театар во Охрид пред малку започна прославата за одбележување на 31 годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, која што оваа година се реализира под името “Македонија за сите луѓе”. Настанот со пригодна културно-уметничка увертира се реализира во предвечерие на 17 јуни, датумот кога во 1990 година беше формирана ВМРО-ДПМНЕ.

Пред формирањето на политичката партија која единствена во тоа време се залагаше за раздвојување на Македонија од поранешната Југословенска федерација беше упатен Проглас за формирање на партијата во кој документ се наведени целите и политичките определби на ВМРО-ДПМНЕ.





