• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

јуни 19th, 2021 Регион, Што да се прави? коментари 1160

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Духовден во село Град, делчевско се празнува од памтивек како Собир на селото. На овој ден домовите на сите жители на селото се отворени за прием на сите добронамерни гости. На времето секоја куќа редовно правела курбан (јагне или јаре) со што на некој начин се дарувала жртва од самото семејство. И ден денес голем дел од домаќинствата на ова се уште живо село ја практикуваат оваа традиција.

Редовно на самиот ден во селото се организира турнир во мал фудбал на повеќенаменското игралиште кај училишната зграда на подрачното училиште во селото.

И оваа година овој спортски настан ќе биде убава прилика за дружење, спортување и натпреварување на фудбалските екипи од речиси сите генерации и сите населени места во општината.

Традицијата кај жителите на село Град од секогаш игра значајна улога во секојдневниот живот. Центар на таа традиција е токму световниот собор на селото на Духовден-Педесетница.

Од рани утрински часови на овој ден жителите на селото ја посетуваат селската црква Св. Великомаченик Ѓорѓи во близина на центарот на селото. Оваа селска црква датира од 1858 година а била возобновена во 1904 година после големиот земјотрес кој се случил во овој регион. Црквата целосно е реконструирана во 2011 година. Ѕидовите на црквата не се фрескоживописани а иконите кои се наоѓаат во внатрешноста потекнуваат од XIX и XX век насликани од зографот Гаврил Атанасов.

ЗА ПРАЗНИКОТ: СВЕТА ПЕДЕСЕТНИЦА (ДУХОВДЕН)

Пред да се вознесе на Небесата, Христос им даде заповед на Своите ученици да се вратат по Неговото вознесение во Ерусалим и да останат даму додека не се облечат со сила од Небото. Така, значи, им го даде ветувањето дека ќе Го примат Светиот Дух, за Кого зборуваше за време на Својот живот. Ова Христово ветување се оствари кај учениците педесет дена по Пасха и десет дена по Неговото вознесение на Небесата. Така, во Црквата го празнуваме празникот Педесетница, кога ја чествуваме Светата Троица, а следниот ден Го прославуваме и славословиме Светиот Дух. Значи, празникот Педесетница е празник на Светата Троица. Нема детално да се осврнеме на Третата личност на Светата Троица, т.е. на Светиот Дух, туку ќе ги нагласиме само оние факти и оние учења на Светото Писмо и на светите отци кои се однесуваат на Христа. Следствено, повеќе ќе ги нагласиме христолошките факти во однос на Светиот Дух.

Бидејќи христологијата е незамислива надвор од тријадологијата, затоа ќе се осврнеме и на догмата за тајната на Света Троица. Во редот Додекаеортион (дванаесетпразничие), термин употребуван од Црквата, е содржан и празникот Педесетница, затоа што е последниот празник од Божјиот домострој. Христовото вочовечување за цел ја имаше победата над смртта и доаѓањето на Пресветиот Дух во срцето на луѓето. Впрочем, познато е дека цел на црковниот и духовниот живот е да станеме членови на телото Христово и да Го примиме Светиот Дух. Овие две нешта се меѓусебно нераскинливо поврзани. Свештениот химнограф ја нарекува Педесетницата последен празник од аспект на повторното создавање и обновувањето на човекот.

Така, ако Благовештението на Пресветата Богородица е почетокот на воплотувањето на Логосот и на Божјиот домострој, тогаш Педесетницата е крајот, бидејќи тогаш, преку Светиот Дух, човекот станува член на воскреснатото тело Христово. Во оваа рамка можеме да ја сместиме и Педесетницата, а ,исто така, и она што е во врска со Светиот Дух и со Христа, бидејќи не може да се замисли христологијата надвор од пневматологијата, ниту пневматологијата надвор од христологијата. Слегувањето на Светиот Дух се случило во недела. И од ова се гледа значењето на неделата, бидејќи во тој ден се случиле големите Господови настани. Според светиот Никодим Светогорец, во првиот ден, т.е. во недела, започна создавањето на тварта, бидејќи тогаш беше создадена светлината, во недела започна обновувањето на тварта со Христовото воскресение, и во недела се случи восовршувањето на тварта со слегувањето на Светиот Дух.

Создавањето на тварта се случи од Отецот, со содејство на Синот и на Светиот Дух, обновувањето се случи од Синот, со благоволение на Отецот и со содејство на Светиот Дух, а восовршувањето на тварта се случи од Светиот Дух, Кој исходи од Отецот и се испраќа преку Синот. Секако, кажувајќи го ова им придаваме значение на Личностите кои биле претстојатели во создавањето, обновувањето и во восовршувањето на тварта, но, како што сме научени и како што веруваме, заедничко е дејството на Троичниот Бога и никогаш не може да се оддели и да се изолира една Личност од другите Личности на Светата Троица. Христијанската Педесетница, во која го празнуваме слегувањето на Светиот Дух, совпаѓа со јудејската Педесетница. Значи, во денот кога Јудејците ја празнувале Педесетницата, слезе Светиот Дух врз апостолите и ги направи членови на воскреснатото тело Христово. По Пасха, Педесетницата е втор по важност празник на Јудејците и, според преданието, го празнувале предавањето на Божјиот закон на Мојсеја. Значи, четириесет дена од првиот празник на Пасхата, Мојсеј се искачил на Синајската Гора и го примил Божјиот закон.

Меѓутоа, јудејската Педесетница истовремено била и израз на благодарноста на Јудејците поради собирањето на плодовите. Бидеј ќи совпаѓал со периодот на жетвата, бил наречен празник на жетвата и Јудејците во Храмот ги принесувале првините од плодовите. Празникот Педесетница, кој Јудејците многу блескаво го празнувале, се нарекувал празник на седмиците (види 2 Мојс. 34, 22; 3 Мојс. 24, 15, 16, 17; 4 Мојс. 28, 26, 31; 5 Мојс. 16, 9 – 10). Краткиот осврт на јудејската Педесетница покажува дека таа била образ на новозаветната Педесетница. Ако Мојсеј го примил Старозаветниот закон, тогаш во денот на христијанската Педесетница учениците Го примиле Светиот Дух и така го доживеале Новозаветниот закон, односно законот на Божјата благодат. Ако во Стариот завет невоплотениот Логос го дал Законот на Синај, тогаш во Новиот завет, Воскреснатиот воплотен Логос им Го испратил Светиот Дух на учениците, кои се наоѓале во горната соба, и тие станале членови на Неговото прославено тело.

Ако на Педесетница во Стариот завет ги принесувале првините од плодовите на жетвата, тогаш на Педесетница во Новиот завет биле принесени првините на словесните плодови од жетвата што ја направил Самиот Христос, т.е. Му биле принесени апостолите на Бога. Секако, постои јасна разлика помеѓу Божјото откровение на Синај и Божјото откровение во горната соба во Ерусалим. Синајската Гора целата беше во дим, затоа што Господ беше слегол над неа во оган; и дим се креваше од неа, како дим од печка, и се уплаши сиот народ (2 Мојс. 19, 18). Беше дадена заповед никој да не се доближува кон Гората, затоа што ќе умре: Секој кој ќе се допре до Гората, ќе биде предаден на смрт (2 Мојс. 19, 12). Меѓутоа, не се случило истото на денот на слегувањето на Светиот Дух во горната соба. Учениците се исполниле со радост и се преобразиле, и од плашливи, станале неустрашливи, а од смртни луѓе, станале богови по благодат. Разликата помеѓу Синај и горната соба во Ерусалим се гледа во разликата помеѓу Старозаветниот и Новозаветниот закон.

Тогаш беше даден Законот на камени плочки, а сега истиот се запишува во срцата на апостолите. Апостолот Павле вели: вие се јавувате како Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку врз телесните плочки на срцето (2 Кор. 3, 3). Со слегувањето на Светиот Дух се исполни пророштвото на пророкот Еремија, како што го опишува апостолот Павле: ќе ги вложам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ (Евр. 8, 10).

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Во тек масовен поткуп на гласачи пред локалните избори со злоупотреба на јавни ресурси во партиски цели на СДСМ
Следна објава Состојбите со градежништвото во Македонија
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 423
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 631
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 580
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 676
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 604
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 479
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1482
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 419
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 638
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

2441
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1342
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 582
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 201733
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202223
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.