Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски со своја објава преку социјалните мрежи ги прозва актуелните власти дека преку големување на цената на горивото свесно го осиромажуваат народот во државата.
“Кога зборуваат за економијата за развојот и животниот стандард во државава, луѓето кои ја предводат владата нека погледнат колку се зголемени цените на горивата.
Свесно го осиромашуваат народот.
Затоа мора да си заминат што побрзо бидејќи не е до светските берзи до нив е!
#Македонијазасителуѓе“


