Денеска во селото Лешок беа одбележана 20 годишнината од загинувањето на Ѓоко Лазарески кој што заедно со уште четворица свои другари од селото без поддршка на безбедносните сили во налетот на качачките банди ја бранеле евакуацијата на селаните од соседното село Жилче, го бранеле своето село и Лешочкиот манастир.
Ѓоко Лазарески е роден во селото Лешок на 3 мај 1971 година, Имал воено искуство во војната на просторот на бивша Југославија во виорот на борбите во Вуковар како дел од ЈНА.
Со избувнување на војната во Македонија во 2001 година Ѓоко Лазарески доброволно се приклучува во резервниот состав на полицијата на Република Македонија на повикотона татковината за одбрана на МАкедонската територија од нападите на терористичките банди.
Пред кобниот ден Ѓоко Лазарески повеќе денови заедно со своја група на пријатели успешно го бранел селото Лешок кое што било таргетирано од страна на терористичките албански банди како село во кое живее доминантно христијанско население. Поради огромниот притисок кој го трпеле од страна на командата во полицијата им било наредено да се повлечат кон Тетово, но Ѓоко заедно со 4 свои другари останале да ја обезбедуваат евакуацијата на македонското цивилно население од селото Жилче.
На кобниот 23 јули година Ѓоко Лазарески е погоден од рафал во 16.00 часот попладне, по што веднаш е префрлен во клиничкиот центар во Тетово па во Скопје. Наредниот ден храброто срце на Македонскиот бранител Ѓоко Лазарески престанува да чука откако им подлегнал на повредите на главата нанесени од терористички куршум.
Поради окупираниот Лешок погребот на Ѓоко Лазарески е извршен на градските гробишта во Ѓорче Петров во Скопје.
Во 2014 година во селото Лешок народот му подига споменик на својот бранител и својот херој.
Ѓоко Лазарески постхумно е одликуван со највисоко државно признание за храброст- Орден за храброст од Престседателот на Република Македонија.
Зад себе остави жена и син кој што не стигна да го види роден поради својата храбра жртва за Македонија.


