• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Никола Груевски за денешните пресуди за 27 април: Ништо не е поразлично од комунизмот

јули 26th, 2021 Македонија, Став коментари 608

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Никола Груевски за денешните пресуди за 27 април: Ништо не е поразлично од комунизмот

“Со тапани и свирчиња не се прави ни тероризам ни нарушување на уставниот поредок

Денешната одлука на судот за предметот наречен “Организатори на 27.” е резултат на општата атмосфера во судството (и во државата). Атмосфера во која судство ги живее најтешките години на страв од казна од извршната власт, разрешување па дури и прогон на судиите доколку не пресудат согласно политички создадената атмосфера од власта. Дури и ако власта не вршела директен притисок на судот, кој верувам дека го вршела, доволно е само веќе поставената политичка атмосфера и клима во земјата за сите политички судења, а особено за ова.

Поинаку неможе да се разбере одлуката на судот да ги прогласи виновни обвинитетите за т.н. случај “Организатори на 27”. Па обвинетите веќе беа осудени и во самиот наслов на предметот: “организатори на 27.”. Насловот не остава простор за поинаква пресуда, бидејќи тој однапред кажува дека обвинетите се виновни, дека се организатори, а судот се очекува само да го потврди тоа.

Замислете судот за овој предмет да донесеше ослободителна пресуда, каква што гледано според доказите и правдата требаше да се донесе. Да кажеше: “неможеме некој да прогласиме виновен на база на претпоставки, во отсуство на докази”. Тоа ќе значеше дека на 27. Април немало организиран од некого од тогашната власт влез во парламентот и немало нарачани физички пресметки, како што и всушност беше. Ќе значеше дека имало спонтана реакција на поголем број граѓани предизвикана од чекорите на тогашната опозиција а денес власт а поврзано со незаконскиот избор на претседател на Собранието. Тоа ќе ја срушеше главната политичка теза на извршната власт за овој настан кој непрекидно ја повторува цели четири години. Што ли ќе ги снајдеше судиите потоа во атмосфера кога секоја недела без посебен повод се разрешуваат судии, претседатели на судови и уште на дел од нив им се отвораат судски постапки по разрешувањето, па се доведува во прашање и нивната слобода. И кога истовремено политички подобните судии се унапредуваат во повисоки судови и како додатна награда им се вработуваат на значајни места членови на нивните семејства. И атмосфера на постојани закани кон судиите дека се следени од некаква комисија која директно или индиректно ја составува власта, дека се под надѕор нивните предмети и одлуки и дека комисијата може да тропне на вратата на сите судии во секој момент. Ова незначи дека ги бранам сите судии и дека некои можеби не се оправдано разрешени, но факт е дека сме сведоци на невидена досега хајка во судството од страна на извршната власт, паралелно со хајката против стотици припадници на спротивната политичка опција на власта, за кои одлуки треба да носат оние кои веќе се под напад. Ова не ги ослободува судиите од одговорност за носење незаконски, неправедни и без докази пресуди, но ја опишува актуелната атмосфера во која постапуваат.

Не, во ваква атмосфера власта веќе немора да се јавува и да дава инструкции на судиите. Може слободно јавно да говори и спротивно на одлуката на судот. Судиите гледаат што им се случува и реагираат согласно тоа. Не случајно и врховните судови на Шведска и Грција, одбивајќи да прифатат екстрадиции наведуваат дека во Македонија нема услови за фер судење. Не е тоа случајно.

Власта ја има завршено работата со илјадниците изјави на највисоките политичари и носители на извршната власт со кои пораката е веќе пратена, обвинетите однапред се преставени за виновни уште пред судењето да почне, пропратено со силна подршката на медиумите под нивна контрола кои се најголем дел од сите медиуми и зацименторано со прогонот на судиите во овие четири години. Не на сите. На неподобните за власта и “непослушни” судии.

Од она што можеше да се разбере, судот наведувајќи докази дека обвинетите ги подржувале мирните протести преку охрабрување на партиски припадници да излезат на мирните протести кои траеа цели 60 дена, барање свирчиња или тапани, ги прогласи за виновни за сосема нешто друго: организација на насилен влез во парламент и тепање пратеници. Претпоставките се преставија како докази. Наводните докази за подршка на мирни протести се преставија како докази за организирање упад и физички пресметки во парламентот. Тоа е неправедно и оваа пресуда еден ден ќе падне бидејќи е нереална и под општ или конкретен политички притисок изнудена.

Со тапани и свирчиња не се прави ни државен удар ни тероризам, ни загрозување на уставниот поредок. Ниту со какво сакате толкување на деловник за работа на парламентот или препратени пораки од еден на друг политичар, за тоа кој што чул од некого, без никаква сигурност дали е тоа точно. Такви пораки тогаш а сигурно и денес (и во иднина), си препраќаат не само политичарите од една партија, туку и сите други луѓе секаде во светот, во склоп на нивното работење и професионален фокус.

Тргнувајки уште од првата реченица обвинението е не само фалично, туку и лажно. Таму се тврди дека јас сум ги организирал и телефонски сум издал инструкции на обвинетите да организираат насилен влез во парламентот и тепање на пратеници. Во ред, но каде се доказите за тоа? Да речеме дека не е важно што јас велам, дали го негирам тоа или не. Да речеме дека мене не треба да ми се верува, ниту на обвинетите. Затоа прашувам: каде се доказите за тоа? Тоа што член на моето обезбедување имал телефонски разговор со неговиот брат додека јас сум давал интервју за медиуми во Австрија? Добро. Каде е доказот дека во тој разговор се пренела моја инструкција или дека јас сум издал наредба по телефон? Ве молам, не претпоставка. Во судството барем се суди со докази, а не со претпоставки.

Бидејќи доказ непостои, и неможе да постои бидејќи тоа е невистина , судот прифати претпоставка. Ако грешам, нека ме исправат и нека го покажат доказот а не претпоставката дека во тој момент сум издал некаква наредба директно или преку член на моето обезбедување. Во која нормална земја во светот судот суди на база на претпоставка?

За трулоста на системот говори уште еден ситен, но не безначаен детал. Од почеток кога се читаше обвинението во судницата, па до читањето на пресудата се протнува една реченица со еден збор кој никогаш не сум кажал никаде и никогаш, а тоа е дека граѓаните не требало да седат дома во “папучи”. И никој ниту проверува дали сум го кажал тоа, ниту презентира доказ дека сум го кажал. Само превземаат еден од друг и истот станува и дел од пресудата со која се одредуваат затворски казни. Дали треба да верувам дека сите во ланецот направиле превид и некој им подметнал без да проверат и тоа во ситуација кога веќе го објавив тоа? Она што го имам изјавено и тоа е недели пред настанот на 27. април, е дека само народот може да си ја спаси државата, но во контекст на тогашното наше барање за нови предвремени парламентарни избори, веднаш одкако победничките партии на изборите во 2016 година не постигнаа договор, а поразената СДСМ излезе со нови позиции поврзани со тиранската платформа кои не ги објави пред изборите и за дел од чекорите гласачите не беа свесни кога гласаа за нив. Но, поентата е друга: не се важни фактите, туку целта ги оправдува лажните обвинувања. Целта ги оправдува средствата.

Се презентираа телефонски пораки дека наводно обвинетите охрабрувале членови на партијата да излезат на протести и дека наводно сакале да се најдат повеќе свирчиња и тапани: “Ми требаат сите тапани на свет”, беше прочитано денес од судот како поткрепа на “вината” на обвинетите. Во ред, но дури и да било така, дури и да подржувале мирни протести на чии учесници сакале да им ги донесат “сите тапани на свет”, се прашувам дали е тоа противуставно и противзаконски? Дали во Македонија е кршење на закон ако се подржуваат мирни протести цели 60 дена? Дали има пораки или било какви докази од типот: “влезете во парламентот и скршеше ги вратите”, “претепајте ги пратениците на СДСМ” или “убијте” некого. Нема ни такви, ни слични.

Напротив колку што разбрав има пораки од некој од обвинетите до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од типот: “одете горе во прес салата”, по што дел од нив одат и ги смируваат тензиите.

Затоа велам дека судот под притисок на власта очигледно мораше како и речиси во сите досегашни политички предмети во минатите четири години да осуди некого со претпоставки. Денешната пресуда е една од многуте политички мотивирани пресуди, изнудени со еден или друг вид политички притисок над судството од извршната власт но и поединци од парламентарната власт, припадници на власта. Ништо не е поразлично од комунизмот, кога безмилосно тогашната власт со лажни сведоци, со претпоставки за кои јавноста се убедуваше дека се докази се елиминираа сите кои не беа подобни за комунистичкиот режим. Не само заради нив, туку и за да видат другите и да живеат во страв.Комунизмот падна. Ќе дојде време и ќе паднат и оние нивни наследници кои користат исти или слични методи. Комунистите кои правеле злодела, од новите демократски власти за своите злодела не понесоа кривична одговорност. Можеби затоа нивните наследници се охрабрени да владеат со слични методи.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Неправда по примерот на бившите комунистички судења со исказ на еден дискредитиран сведок, добија денеска поранешни високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ
Следна објава Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска му го чуваа грбот на отсутниот Димитар Апасиев
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 723
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 652
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 677
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1329
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 608
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 705
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 374
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 466
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 683
Жена на денот
Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

1092
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1954
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.