Историјата на Македонскиот народ е полна со моменти кога се дефинирала иднината на државата, народот и постоењето на идентитетот!
Во 1990 година во предвечерието на распадот на СФРЈ беше созреано времето за возобновување на илинденските идеали на ВМРО за уште една битка за слобода и независност на репресираниот и негиран Македонски народ!
Таа година ширум Македонија се создаваат општинските и месните одбори на новото ВМРО-ДПМНЕ кое пред себе имаше нови предизвици не помали по значење и важност од оние во илинденската или асномската епопеја.
На 27 Јули 1990 година беше основан првиот Општински Одбор на новоформираната политичка партија Внатрешна Македонска Револуционерна Организација- Демократска Партија за Македонско Национално Единство (скратено ВМРО-ДПМНЕ) во Делчево.
Членови на првиот Општински одбор се:
Ѓорѓи Манов- Претседател
Илчо Илиев- Секретар
Членови на одборот
Добривојчо Димитровски
Орце Ангелов
Дарко Шехтански
Косте (Коце) Костов- Калаџијата
На седницата за Основање на Општинскиот одбор на ВМРО-ДПМНЕ во Спомен домот АСНОМ во Делчево присуствувале и официјални и неофицијални лица на тогашните режимски власти во Делчево, кои имале свои агентурни обврски да известуваат и да се инфилтрираат во структурите на новиот политички субјект во Делчево.
По формирањето на Општинскиот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Делчево, започнало формирањето на Месните одбори во сите населени места во општината Делчево (и Македонска Каменица во тој период)
Имиња на луѓе кои што биле дел иницијатори и дел поддржувачи на Основањето и работата на Општинскиот Одбор на ВМРО-ДПМНЕ Делчево во 1990 година на почеток на неговото формирање и кои е неопходно да бидат спомнати се:
Ванчо Механџиски (Ѕвегор)
Фиданчо Механџиски (с. Ѕвегор)
Моне Котев (Делчево)
Никола Трајанов- Халеро
Стоил -Зуле (Делчево)
Драго (шура на Коце)
Боре (баџанак на Коце)
Жарко Ангеловски (с. Град)
Атанас Атанасов-Таксио (с.Град)
Ванчо Јовановски- Лидеро (с. Ѕвегор)
Миле Тодоровски- Политиката (Делчево)
Илчо Цветковски- Мајсторо (с. Ѕвегор)
Тони Захариев (с. Ѕвегор)
Ѓорѓи Златков (с. Ѕвегор)
Мирче Николовски (с. Стамер)
Митко Димитровски (с. Габрово)
Горан Гошевски -Шкодата
Делчо (с. Град)
Ванчо Петровски (с. Габрово)
Атанас Марковски (Делчево)
Станко (патаро)
Натка Витановска (с. Тработивиште)
Ѓоко Ангеловски (Делчево)
Тони Стоименовски -Фрчката
Благојчо Гоцевски- Гоцо (Делчево)
Бојан (с. Драмче)
Најден Алексов (с. Град)
Костадин Смилевски (с. Разловци)
Драгица Алексовска (Делчево)
Бране Ангеловски (Делчево)
Ѓорѓи Струков – Кондуктеро (с. Вирче)
Благој (Блаже) Ѓорговски (Делчево)
Техничка поддршка:
Бране Царинарецо (Делчево)
Сретко (с. Град)
Гоце Енѓовски (Делчево)
Денеска на 27 Јули 2021 година Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево ќе го одбележи својот роденден со пригодна јавна трибина во градскиот парк во Делчево со почеток во 20.15 часот на која е најавено дека ќе имаат свои обраќања Претседателот на Општинскиот Комитет Сашко Ивановски и Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!


