Денеска своја реакција на изјавата на Градоначалникот на Штип Сашко Николов за формирање на кризен штаб имаа од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:
“Изјавата на Градоначалникот за формирање на кризен штаб воопшто нема тежина. Со тоа ниту ќе ја намали неодговорноста на штабските функционери, ниту ќе помогне за решавање на реалните проблеми!
По примерот на премиерот, министрите за внатрешни работи, одбрана и правда, така и командирот на Територијалната противпожарна единица во Штип, наместо да се организира за успешно справување со огнената стихија околу градот, тој се разладуваше на охридското крајбрежје.
И додека скапоцените човечки животи, имотите на граѓаните и животната средина ги демне опасност од епски размери, неодговорните функционери на СДС се одмараат на познати туристички дестинации, а граѓаните стравуваат за својата иднина. “
-соопштија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.


