Преку социјалните мрежи од страна на граѓани е упатен повик за собирање на намирници за населението кое што е на терен во справување со огнената катастрофа која петти ден беснее низ делчевско а се прелеа и во пехчевско-беровскиот реон
“Почитувани пријатели,
Пожарот во Делчево е сѐ уште активен и бргу се шири во правец кон маалото Пасјак и кон с. Тработивиште и се има префрлено на територијата на општина Пехчево.
Ве информирам дека ДЕНЕСКА во Кочани ќе има поставен активен собирен пункт за помош на Пехчево пред АНАФИЛ!
Оние кои сакат да помогнат со храна, вода, пумпи за вода или друга опрема за гасење да ја остават на пунктот, истата ќе биде доставена до граѓаните на Пехчево!”
-стои во соопштението упатено од граѓанин кој е вклучен во организацијата на прибирањето на помошта!


