Во текот на вчерашниот пеколен ден од борбата на населението со огнените пламени јазици во јужните делови на општината Делчево, членови на моторџискиот клуб ЕНДУРО имаа своја мисија да помогнат онаму каде што беше најпотребно.
Дечкиве со своите мотори цел ден разнесуваа вода, намирници и опрема за противпожарните тимови на фронтот со огнената стихија. Делови од моторите им беа оштетени, но пополека ги ставаат во функција за да продолжат со својата мисија да помогнат каде можат!
Да не ги заборавиме хероите кои дејствуваа кога беше најпотребни!


